Јас си купив една шипка со ластици од Џамбо, кошта 350 ден., и изгледа баш вака: Многу ми се најде во истегнување на мускулите, тонирање на мускулите, и веќе немам никакви болки во грбот. Со него можеш да вежбаш како сакаш, и буквално можеш да ги опфатиш сите мускули. Еве како пример ќе ви покажам едно клипче од youtube што го најдов: http://www.youtube.com/watch?v=1ySvfMSFGOI
Пешачам обавезно по 1-2 сати дневно ... Дома вежбам и сега овај период возам со точак, со ролери, одам на планина
Body fucking building и во овој период поретко фудбал,и пешачење несакајќи ако се погоди некоја прилика
Никаква, пасивна сум во последно време работа,дома ,кревет срам да ми е . Морам да почнам да пешачам.
Ако не можам да вежбам преку ден трчам горе долу по скали. Редовно се занимавм со јога а комбинирам и фитнес вежби за зацврснување на телото. Исто така го сакам и кик боксот. Вежбам колку што можам бидејќи тоа е од клучна важност за одржување на телото. Викедни обавезно возам велосипед по неколку часа или од долно Водно одам до крстот пешки. Чекам уште малку да се потстопли па ќе фатам до Матка пешки. Еве едни одлични вежби кои ги правам три пати неделно: http://www.youtube.com/watch?v=In1bptHt ... MtIjhESgU= Од страна ги имате другите видеа, вкупно 4 се. Вежбиве ги правев една недела 5 дена по ред и ослабнав 3 кила кои не се вратија а баш таа недела јадев ко свинче. Така да пробајте.
Одам на фитнес и резултатите веќе се приметуваат,а секој сончев викенд кога имам слободно време возам ролери на стаза.Сметам дека возењето ролери е еден од најдобрите начини за обликување на телото,а во комбинација со добро музиче уживањето и опуштањето се неизбежни
Направив 100 чучњеви денес, а од понеделникот до петокот возев на орбитрек по 50 минути, од утре пак продолжувам да возам, денес од него пауза. Можда некој стомачен ќе направам до после.
Пешачење секој ден по пола саат, има денови кога е многу повеќе, околу 2-3 саата, најчесто за викенд.Наизменично вежбам дома на статичниот и стомачни и склекови...
во неделата се качив во средно водно, и цела недела ме болат коските на нозете 2 пати неделно одам до почетокот на водно-центарот шричинмој пеш и се вракам пеш-со исклучок што вчера бев до Аеродром пеш наместо до водно, и вежбам стомачни вежби за стомакот и што ги знам од порано, а летно време пешачам и на кеј ама некако трчи ваму-трчи таму, немам сила
5 пати неделно комбинација од стомачни, вежби за задник, бутови и листови. Секоја вечер најмалку 2 километра пешачење, на секои 2 дена, еден ден наместо вежбање, возам само точак (тоа само кога е топло на зима за жал неможам). И тоа.
Јас не пешачам многу од понеделник до четврток оти освен нашколо не испаѓам никаде на друго место,а школото ми е тука во маало,за 2 минути стасувам.Ама петок сабота,па понекогаш и недела,кога сум испадната цело време шетам нагоре надоле,па посебно кога ќе отидам до кај една другарка која живее на рид,е богами си наплаќам за цела недела шо не сум пешачела. Сакам да одам и на стадион,али немам друштво,та и нашколо сега не замараат,иначе ептен сакам да трчам,пешачам,пливам,ама се нема друштво. Затоа дома секој ден си правам 80 стомачни за горните,80 за долните,40 грбни,40 кревања со теговите од 5 кила,и си трчам по скалите,зависно од времето (деновиве не трчам оти ми врне),и еве сеа со хулахопов се учам како се врти Понекогаш од сите овие вежби правам само половина,најчесто за викенд,оти по цели денови сум испадната,ама тоа се само 2 дена во цела недела,така да не заостанувам многу
Ако мрдањето на маусот е физичка активност тогаш јас сум најфизички активна особа на цел свет . Инаку немам никаква физичка активност а знам дека треба. Ама што да правиш кога немаш некои обврски, таа ти е. Едино овие денови нешто почнав да правам вежби ама јас како што сум мрза не можам никако константно да се навикнам да ги правам.
Моментално немам никаква физичка активност. Од другата недела ќе почнеме со една пријателка редовно да идеме на стадион. Лани летото колку ослабев, ми се зацврстија нозете и ми се намали целулитот од редовното 2 месечно трчање.Зимово некако нагло се здебелив , качив килажа која никогаш сум ја немала досега. Па мислам сега ќе ми биде малце потешко да се вратам на посакуваните 52-53 кг. со оглед на тоа што треба да изгубам 7 кг. . Но сепак не се откажувам , вољата за да ослабам е преголема.Се надевам дека ќе си ја остварам мојата цел за најбрзо време.
па еве од денес почнав скокање на јаже по 20 минути на ден,стомачни и правам вежби за стомак па сеа да видиме што ќе биде ќе се намали стомакот или не Виш ми лак