3,4 пати во неделата по 30,40 минути на орбитрек (решив дека ,,дозава'' од орбитрек ми е сосем доволна, со оглед на тоа дека јас од орбитрекот најмногу слабеам во делот над градите, односно кај клучните коски.. И многу ми се изразени), 3 пати во неделата пешачење по 2 ипол/3 часа а некогаш и повеќе - зависи и 4 пати во текот на неделата одам на зумба. А да, за да ги зацврстам и дефинирам мускулите на рацете од денеска почнав да кревам и шишиња полни со песок и камења (ги измерив и едно тежи 3 кила и 500 грама).
Пешачам многу. Секој ден. Скоро секој ден вежбам, се потам. Имам едни вежби од Мелита, оваа на Силуете и ги вежбам. Многу мотивација ми ствара во позадина ако е пуштена Maniac песната, кога типката вежба и се поти како луда. Чат пат возам точак. И така.
Пешачам премногууу , возам точак секоја вечер по 30 мин на угорница , и вежби од аеробик и пилатес за зацврстување на задник, стомак, нозе и грб.
Трчам секој ден по 40 минути , сакам да го намалам стомакот , и да го затегнам телото ( да го зацврстам и обликувам задникот ! )
Мојата физичка активност до пред некое време беше сведена на минимум. Се лажев себеси дека времето не ми дозволува, обврски околу факултет и слично Малку се движев, а да не зборам за некоја друга активност Со оглед на тоа што факултетот ми е 100 метра од студентски, и ако тој пат не се важи, вистината е дека имаше денови кога газот не го мрдав никаде Е затоа пак ова лето, не знам од каде, имам страшна мотивација за вежбање, трчање, пешачење Еве веќе месец дена како трчам на игралиште, полека напредувам, пу пу машала почнав и по 15 круга да трчам Понекогаш скокам на јаже, а со другарките наместо седење со саати во кафич, почнавме да практикуваме долгометражни прошетки по кејот на реката. Го правам ова пред се од лично задоволство, ама не ќе да е лошо да симнам некое килце И преубаво се чувствувам.
Мојата физичка активност периодов е сведена на минимум. ilent: Освен пешачењето по некој километар, и 150те стомачни дневно, ништо не правам. Деновиве кај и да е, ќе морам да се активирам, и те како! Shame on me !! own:
пешачам секој ден до работа и назад по неколку километри и тоа е се. знам дека е малку, но свтарно немам кога да вежбам.
приоритет ми е да станувам рано , и имам точно одредено време , во 8 до 8:30 правам вежби ,преку ден (летно време) пливам пола саат и приквечер возам точак 15 20 мин. )
Последните 3-4 месеци се' до пред 3 недели, како физичка активност можеше да се смета само пешачењето од дома на работа и назад-дури 7 минути! И по 10 пати качување по скали нагоре-надолу додека сум на работа. Од пред 3 недели се запишав на фитнес, одам 4-5 пати неделно (гледам да е што е можно почесто), иако ми е прилично далеку, одам и се враќам пешки. (40 минути во правец) И прекрасно е чувството, не планирам да престанам, многу повеќе енергија имам сега откако почнав да одам на фитнес. Освен тоа, почна да ми се намалува стомакот , па се радувам што не ми е залудно препотувањето по 38 пати од одма до теретана и назад.
8 саати непрекинато одење, повремено клекнување и станување и 15 минути седење. Толку! Ќе ме исуши работава.
Качувам скали! Негде имам прочитано дека тоа е добра физичка активност за поткренат и стегнат задник, како и формирање на квадрицепс. Па ете тоа го применувам, скоро 8 години. Секој ден...без исклучок! Резултат има + целулит нема, мада тоа и наследно ми е!
За пешачење веќе и да не правиме муабет: не се сеќавам кога последно сум се качила во такси. Уживам да пешачам и гледам дури и кога сум на нешто повисоко, дур ме држат нозете, да одам пеш. Кога ќе станам наутро си правам стомачни, обично по 50 и си ги правам вежбите за истегнување што ги научив на училиште (чучњеви, вежби за задникот, „велосипед“...). Летово и пливам (кога ќе отидам на плажа, нели), на секое влегување гледам да отпливам подалеку, обично до кај 300 метри од обала, се разбира колку што ми дозволуваат просторот и пловните објекти.
Пливам кога сум на плажа. Другите играат, јас пливам. Ако сум со друштво кое сака да плива, пливам повеќе кон длабокото, зашто страв ми е сама, ме фаќа паника ако не можам да ја допрам песокта. Трчам понекогаш со кучево крај езеро (на песок), ама ни јас немам многу кондиција, ниту тоа сака многу да трча. Исто така, трчам по скали по многу, многу пати на ден, а утре или задутре почнувам на фитнес.
Имам тренинзи секој ден,со исклучок на неколку пати во неделата што имам утакмици,сега преку лето играм баскет/фудбал со машки на игралиште,како мали деца сме А вака на одмор секогаш си пливам,одбојка на плажа,мераци
Не тренирам ништо и никогаш не сум тренирала. Си скијам во зима, си пливам во лето. Сакам да пешачам и најмногу тоа го практикувам. Слаба сум и не се секирам многу за килограми и такви работи. Треба да тренирам нешто ама секому му се познати зборовите како демек немам време хахаха
Трчање со кучето до Водно Пливање на плажа со него...фрлам топче и пливаме двајцата па кој прв ќе стигне. Возење ролерки со пријателки.. Пешачење со мајка ми...
Епа вака.. Одам на фитнес 4-5 пати неделно (пауза во сабота или друг ден помеѓу, а недела не работи). Почнувам со 20-25 минутно возење на статичен велосипед, стомачни обавезно, а завршувам 25 минути на степер или трака. Во времето помеѓу, еден ден правам вежби за грбот и градите, друг ден со тегови, трет вежби за нозете. Третиов ден ми е најинтересен бидејќи ги обожавам вежбите. Инаку, на вечер дома правам 5-7 минутни кардио HIIT (High Intensity Interval Training) вежби од страната на Fitness Blender. Потоа продолжувам со Beachbody - Brazil Butt Lift вежби (комбинирани вежби за нозе и задник, со мноооогу кардио!). Ги спуштив вежбиве пред некој месец, 6+ гига и сега жал ми дојде да не ги искористам. Има 4 неделна програма, па денес и викендов вежбам онака, а од понеделник ќе почнам по редослед. Ама изгледа само 2 недели ќе ги правам, некако долго ми е, а плус се повторуваат истите вежби. За пливањето и трчањето по скали пишав погоре, така да тоа е тоа. Многу брзо ме фаќа мрза за вежбање, па се надевам дека ќе продолжам вака бар неколку месеци. :geek: ~ Едит: И вежбите за грб од сајтот на Фемина. Очајно му се потребни на грбов, морам да го опоравам барем малце..
Да ама ретко мислам дека ен ми треба тоа... секој ден од седмицата Понеделник и Среда на аеробик и балет тоа е некаде 3 часа вежбање Вторник во теретана 2 часа Четврток трчам до 2 километри некогаш и повеке... Петок на на латино ланц Сабота на тае бо недела на јога Зависи како сум расположена но најчесто одам со некој од семејството а на балет до другарки од школо а на латино со брачетка ми бидејки сум висока... Јас ум задоволна а ја практикувам заради забава...