Вашата физичка активност

Дискусија во 'Фитнес' започната од Lux, 12 јуни 2011.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Возам точак 3 саати секој ден :)

    И од септември ќе продолжам со аеробик и јога.
    А да, и секој ден правам по некои вежби, зависи како сум расположена и што ми се прави. :)
     
  2. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Трчам три пати неделно насабајле(почесто немам можност) по пола саат, ги правам вежбите од Фемина за нозе и за задник, секој ден правам стомачни и плак вежбите за зацврстување на стомачните.Повремено вртам и хулахоп.Имам и пилатес топка, ама на неа вежбам поретко(а се си викам дека треба почесто да ја употребувам :| ).

    Сега сакам да почнам со Brazil But Lift вежбите па со другите ќе прекинам па да видам од нив какви резултати ќе има.

    Баш и немам некои денови кои ми се стриктно резервирани за вежбање, ама секогаш гледам да е три до четири пати неделно.За време на викенди, не вежбам.

    Порано одев на аеробик, ама сега дома си вежбам.
     
  3. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    6.642
    Пол:
    Женски
    Без вежбање не ме бидува, џабе гладување не се слабее. :D Одев на фитнес ама летово правев пауза затоа што беше премногу жешко. Летово на кеј ( брзо одење и трчање0 Околу 2 саати и сега штом залади пак на фитнес одам :D
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Одам на фитнес 3-4 пати неделно, некогаш и повеќе.
    Понекогаш одам да трчам, исто така интересно ми е да пешачам, но гледам да избегнувам трчање и пешачење во последно време затоа што многу слабеам од тоа. :worried:
    По дома си правам стомачни, некои вежби за истегнување, вртам хулахоп и така. :)
     
  5. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Вежбам пилатес скоро секој ден и навистина има големи ефекти како во обликување на телото така и во губењето на калории ;)
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мојата сегашна физичка активност се состои од пешачење четири дена во неделата по минимум час и пол, а некогаш и два часа. Плус други вежби кои си ги правам јас. Останатите три дена ми се распородени, од нив еден ден ми е слободен без физичка активност најчесто тоа е недела, а останатите два ми се состојат од вежби кои си ги правам и некое послабо пешачење.
    Значи прилично активна сум.
     
  7. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    6 дена во неделата фитнес само еден ден одмор , недела .
    имам склоност кон дебелеење и мора вака , мислам дека не претерувам , добро се чувствувам .
    Ми се допаѓа чуството кога ке се вратам преморена од вежбање , топол туш па спиење како бебе ....
     
  8. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Mojата физичка активност се состои од три дена аeробик-понеделник,среда и петок.А секој ден после училиште пешачам по еден ипол час... :)
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.199
    Допаѓања:
    12.526
    Пол:
    Женски
    Пешачење 8-9 километри (времето за кое ги поминувам ми варира, во зависност мотивацијата) и скокање на јаже 1000 скока сега за сега (30 и кусур минути). Пешачењево поради времево морам да го одложувам понекогаш, ама надокнадувам со вежби дома.
     
  10. foxlife

    foxlife Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    0
    Јас почнав со P90X и вежбам веќе 3 дена. Да се надевам дека ќе издржам до крај :)
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    48.790
    Пол:
    Женски
    Од кревет до компјутер,од компјутер до кујна , од кујна до wc и се така у круг :D
     
    На sweet-star, Shpagetta и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  12. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    од компјтер до масата, до фрижидерот, пак до масата и на крај до креветот :rofl: потоа, од дома на училиште, и физичка активност, само на час по Физичко (иако и таму сум слабо активна, кога играме ракомет си седам на клупа, а некогаш ако не ми се трча - секогаш ме боли нешто :devil: :rofl: )
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Два до три пати неделно спортувам.
    Секој ден или евентуално секој втор ден возам велосипед 1 до 2 часа.
    Понекогаш возам ролерки ( еднаш неделно ) а во лето почесто.
    Секојденевно пешачење од еден скромен час.
    Си вежбам дома некои вежби и толку.
    :lol:


    Ова е за во последно време..
     
  14. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Вежбам пилатес 3 пати неделно.
     
  15. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.392
    Тренрам кошарка, 4 пати неделно.
    Некои вежби дома.
    И скокам на јаже понекогаш, онака од забава.
    Ништо посебно :)
     
  16. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Вежбам по дома кога ми текне. И плус на физичка активност во школо :)
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Полесно е преку лето, или општо кога е топло и времето е убаво.
    Имаш мотивација за вежбање, може да се вежба дома, а може и надвор. Јас преферирам надвор, да возам ролери или точак, поретко да трчам, а многу често и да си правам вежби дома.
    Ама сега, бидејќи времето е полошо,а стандард во зима ме фаќа мрза и паѓам во зимски сон, полесно решение ми е да си платам часови.
    И сега одам на пилатес и аеробик, 4 пати неделно. Комбинацијата е супер, кондициони вежби и вежби за истегнување, плус затегнување на тело. Добро е што се наканив, затоа што ќе се претворев во полжав.
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Отворам фрижидер најчесто навечер. Вежбам бицепс. |(
     
  19. Girl.Jyoti

    Girl.Jyoti Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    паа.. може да речам дека сум мах. физички активна :D :D :D
    Спортист сум...поради тоа тренинзите се бројат (3 пати во неделата) денови за одмор, кога ќе подразмислам баш и немам, нешто посебно (освен ако некој ден ме мрзи па не правам ништо цел тој ден :rofl: ) зошто не ја сметам мојата активност за замор ниту пак се преоптоварувам :wasntme:
    Освен тренинзите си практикувам и други вежби дома (какви, зависи од расположението :D )
    Надвор: Возење точак, трчање...
    .......скокање на јаже :?: :)
     
  20. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Во последно време физичката активност ми е одење од соба до тоалет или до кујна/трепезарија и назад. :$ навистина срамота.
    Последен пат возев ролери на стаза во времетраење од 3 часа, а тоа беше пред околу 2 недели.
    Ми фали активација дефинитивно.
    Ми недостига планинарење и пешачење во природа, А НЕ ПОКРАЈ КЕЈ КАДЕ СМРДИ НА КАНАЛИЗАЦИЈА И ОД САМАТА ПОМИСЛА МИ СЕ ГАДИ! (тие што се од скопје, уште подобро од аеродром знаат на што мислам).