5 дена во неделата ми се активни, 2 се за одмор. Од тие пет активни дена барем 3-4 вклучуваат кардио од 7 километри + спринтови за комплетно согорување на телото. Порано беа вклучувани 220 склека, но денес склековите ги правам на посебен ден бидејќи ги качив на 300 со потвиткување на колената, не обични. Стандарден "придружник" на џогирањето + спринтовите се хоризонталите, или барем јас така си ги нарекувам. Спојлер Ги почнав со 3 серии по 30 секунди, после два ипол месеца станаа 10 серии по 100 секунди. Многу многу ефективни. цело тело ќе ви се тресе додека не се адаптирате. Секој индивидуално нека си ги одреди интервалите, ама да знаете дека се напредува. Телото станува посилно!
Од понеделник до петок, најизменично одбојка и кошарка. И навечер трчање. Порано правев по 100 стомачни, насабајле. Ама сега ги запоставив. И денес направив 50, и сега стомакот ужасно ме боли.
Епа вака: Понеделник сум на тренинг одбојка 1 сааат кај што правиме по 3 серии од по 10 стомачни склекови чучњеви и грбни (мене ми се малку и како чисто загревање али дека другите не можат по повеќе и затоа не не форсира тренерот) и трчање 2 минути со брзо темпо и 10 метри шпринт по 10 пати. После на Хип Хоп исто 1 сааат кај што правам: 120 стомачни (заедно со вежби со нозете за долните стомачни), 120 склекови (женски а кој до каде може и машки), 50 странични стомачни ( 2 серии од по 25), 50 грбни (2 серии од по 20), 35 вежби за задникот. Исто и во среда, а само вежбите и трчањето со одбојка во петок. Е сега, јас и дома си вежбам... секој вторник, четврток и сабота со 2 серии од по 25 странични стомачни, чучњеви, грбни и вежби за задникот, а стомачни и склекови 3 серии од по 40. Е сеа скоро секој ден али обично кога ми е досадно наместо да седам пред тв ке истрчам 2 пати горе доле по зградава (17 ката) и домче под туш и ај создравје
Три пати во седмицата одам на одбојка по еден час.Сега плус планк вежби секој ден правам и уште некои вежби(тоа три пати во неделата) http://www.femina.mk/новости/занимл...кси-тело-како-на-ангелите-на-victorias-secret овие вежби Спојлер не ми целта да ослабнам туку да се затегнам малку.
Јас ја правам оваа вежба секој ден по 5 до 10 пати. Ама ми текна нешто на ум, немој случајно со ова да си ја истегнам кожата на стомакот од страните, како вишок ми се чини дека одимав а порано немав.
Порано многу вежбав, џогирав... сега физичката активност ми е сведена на чести прошетки, а дома одам на релација WC-кујна-кревет-пред PC.
Један лево, десно два, један напред, назад сад. И окрет. Раце горе, осмех на лице, и мјешај куковима.. И ова трае, едно 3 дена, и како што се вели, секое чудо за три дена, желбата за вежбање, по три дена по автоматизам ми исчезнува. Летово ставив на агенда, стомачето да го приберам, и нели три дена, се преоптоварив, наредните три дена, лежев како баба во кревет од воспаление на мускулите и затоа моето ново мото е А се чувствувам вака
insanity од сабајле, секој ден 6 дена неделно, еден ден пауза, многу пешачење, брзо одење, планинарење итн....
помагајте луѓе!! овие два дена сум омалаксана многу незнам што ми е,не ми е до ништо.заостанав многу со вежбањето овие два дена се улежав.како да се справам со овој проблем и како вие сте се справувале
Пешачам доста и одам на фитнес , а околу исхраната внимавам на некои работи а имам проблем бидејки не јадам многу кои би требало и така се на се не внимавам колку што би требало, иначе charliee за 2 дена не можеш да изгубиш кондиција почни си од денеска повторно и ке видиш нема да имаш проблем , јас имав 2 недели пауза и еве вчера почнав скоро каде што сум застанала не од ново , е сега ако немаш воља тоа е друго , јас обично се мотивирам со тоа што гледам некои фитнес модели и ми станува јасно дека такво газе и стомак не се праи од седење дома а летото е многу блиску . Еве ја мојата миленичка http://www.facebook.com/AnaDeliaDeIturrondo?fref=ts , а понекогаш знам да ги погледнам спотовите на Ciera: Like a boy или Love sex and magic
Дали практикувате намерно да се прошетате повеќе од вашата вообичаена дневна релација што ја печашите секој ден? Да,нормално кога имам време обавезно ке се прошетам по улиците после искачање со другарки или кога одам кај баба ми бидеќи често одам(пред да ми се расипси телефонот,со слушалки си шетав) а и ми дава можност да размислам на некои работи во мојот живот,односи со луѓето, како да постапам,т.е имам време да си размислам и да разбистрам мисли Колку вежбате во текот на една седмица да речеме или во еден ден правите вежби по серии? Во текот на една седмица вежбам 4 до 5 пати Каков е вашиот план на вежбање, комбнирање вежби, ги вежбате одделно по денови, правите пауза. немам некој план,зависи од расположението,многу сакам да возам точак,по еден сат возам,па потоа правам стомачни,грбни,и има едни кардио вежби кои ги најдов на интернет,но некао ми се тешки па сега постепено ке пробувам да успеам да ги издржам цели,па ке видиме дали ке успеам да ги повторам и два пати.Дома имаме скали па и на нив се качувам и слегувам,а со трчање на нив поретко бидејки многу тропам и многу сакам да пешачам Кои денови ви се резервирани за вежбање, кои за одмарање? Кога сум лошо расположена,или се случило да немам време од други обврски Повеќе сакате да вежбање во друштво или сами, со пуштена музика, без, пред телевизор, со слушалки... Најдобро ми е сама,отсекогаш,сум вежбала и со другарки,но незнам,јас повеќе постигнувам кога вежбам сама. И да многу сакам со музика Колку време трае вашата физчка активност и како сте задоволни од неа и зошто ја практикувате ? Точак возам по 60 мин,пешачењето може да ме фати и 2 и пол сати,а со другарка ми пак ако се шетаме кој ко нас дури по 4 сати дури си зборуваме,на скали трчам по 30 мин,а кардио вежбите ми се 10 мин,а сега како што кажав сакам да постигнам и дупло...има време и тоа е тоа
-Морам да признам дека пешачењето ми е слаба страна и мнгоу ретко пешачам.Но да кога веќе излагам се трудам да одам пешки ретко користам возило.Кога сум на факултет низ Скопјево ми се случува почесто да одам пешки. -Вежбам околу 5-6 пати,некогаш ми се дешава и секоја ден.Одев во теретана ,но сега почнав дома. -Ги вежбам истите вежби што ги учевме на аеробик за стомак,задник,нозе,грб. -Најчесто викендот ми е за одмарање,поточно недела. -Дома вежбам сама со музика.Но поголема мотивација имам кога вежбам во друштво. -Околу 40 минути,за сега сум задоволна бидејќи после вежбањето се чуствувам одлично.Ја практикувам за да ослабам и да си го зацврстам телото.
Редовно одам во теретана 3-5 пати во неделата. Најпрво вежбам со тегови околу 30-40мин и после тоа 20-40мин кардио.
Ај да ве прашам вака нешто .. како истовремено да подослабам а и да накачам мускулатура како на пример на задникот ? Мора ли да коритам протеини илида јадам нормално и да вежбам ? :/
I mene istoto me interesira Jas mislam deka najubavo bi bilo vo tekot na nedelata da se vezba kombinirano primer 2 dena kardio, 3 dena vezbi so tegovi za zacvrstuvanje i normalno proteinite se osnovni za gradenje muskul kolku sto sum citala. Ama sepak neka kazat tie sto se poupateni dali sum vo pravo