Колку што можев да побарам на долу, не најдов тема каде што лично ние си ги покажуваме нашите начини на шминкање низ слики. Мене ми е доста интересно да се занимавам со шминка и мислам дека горе долу ми оди добро шминкањето па зато би сакала да размениме некои идеи. И ве замолувам сликите да бидат смао од вашето лице. Јас лично многу сакам да експериментирам со шминката, барем за по дома ... Па еве неколку слики од шминка...Извинете за квалитетот на сликите. Поздрав . Пожелно е да ги наведете и користените продукти за добиениот изглед, со цел да избегнеме оф-топик прашања околу употребените продукти. *Дополнето од модератор.
Убаво се шминкаш, ми се допаѓа прецизно нанесеното моливче. Со оглед на тоа што апаратот никогаш не ги фаќа убаво боите, претпоставувам дека во живо шминката била многу поинтензивна.
Сакам многу да експериментирам со бои и нијанси, но најчесто завршувам со монохроматски или земјени тонови. За шминката секако би добиле поцелосна претстава доколку би ставиле цел лик, во пакет со руменило и кармин или сјај, но тоа е што е. Знам да се нашминкам себе, но абер немам кога станува збор за некој друг. Тогаш рацете ко да не ми се мои, можам комотно да извршам убиство или ослепување во најмала рака со маскарата како оружје.
трендафилка истото е и кај мене сама знам да си се нашминкам најчесто со две три и повеќе сенки никогаш не сум само со една но недај боже да почнам да шминкам друг. инаку не би се осмелила да ставам слика малку по малку и се откриме цели на форумов
Е па јас за некое чудо поубо можам некој друг да нашминкам од колку самата себе хаха... Цела поширока фамилија ми иди на шминкање хаха...Еве уште некоја слика поздраааавввв
Еве и од мене нешто Wow-убава ти е шминката на сите слики,но на третата некако најмногу ти идат во израз очите s1a1n1d1r1a1-знаш да експериментираш со боите,убаво на сите слики Марама-понежна шминка поубаво ти стои Трендафилка-имаш талент за шминкање,да не си козметичар по струка?
Не експериментирам многу со шминкање, кога нанесувам сенка само вака, инаку одам само со ајлајнер, моливче и маскара.
Само на оваа слика ми се гледа шминката,и тоа не баш најдобро,кога ке се нашминкам ќе ставам пак. Не знам зошто се гледа како да имам и кафена нијанса,ама немам!
Сандра, многу убави очиња имаш. Ми се допаѓаат оние кафените нијанси кои ги користиш, ептен сакам земјени тонови Трендафилке, убава шминката, се гледа дека знаеш да бараташ со четчето и боите, него ако дозволиш и не ми замериш, еден совет би ти дала, па ти ако сакаш прифати а ако не пак е ок Гледам дека веѓите ти се иста форма скоро ко моите што беа пред некое време....јас некако сама си ги скратив однапред и потоа мака мачев со формата. Моја препорака ти е да си ги пуштиш 6 недели и одново да си направиш форма кај некоја козметичарка, мислам дека многу повеќе ќе ти го истакне окцето. А штета е на такво око да имаш таква, да речам не баш идеална форма на веѓа Сега кога ми се поправени гледам дека вредело влакнеста со метли над очите да се шетам месец и пол. Новиве веѓи стварно ми ги истакнаа повторно очите и ко нов човек сум - ама скоро два месеци нејќеш да ме видиш, ко Брежњев шетав
Јарец имаш преубави очи. Ајде и јас давам мој придонес. Обично се шминкам вака, едноставно, но на сликата не е доловен интензитетот на боите, прилично темно изгледаше во живо. И не е со мрсни сенки, да се разбереме. Ги пробував новите што даваат ефект на вода. Еве и една вежба за не многу интензивен арабик изглед. Ваков начин на шминкање не сакам на себе затоа што ми ги зголемува очите и изгледам како авиомува. Спојлер Фалат вештачки трепки за ваков изглед, но се работеше само за проба и не залепив. Моите трепки се гревчиња, знам.
Еве еднаш експериментирав, ова е шминкање од прва, не сум излегувала вака. Слично како последната шминка на Ливинг Ама нејзиното е каде каде поубаво.
Ретко експериментирам, само црн молив и туш и црна,сива,бела сенка за очи.На една слика исклучок тегет и толку