прецизно нанесен туш ми се допаѓа комбинацијата на бои, но мислам дека требало да ставиш малку сенка и на долниот дел од окото така би изгледало комплетно, вака како да не си дошминкана ми делува
Имам ставено бело моливче. Инаку заборавив да напишам дека ја послушав членката и го купив течниот коректор на Аура,сепак во одредени наврати ми се собира под очи. Но,задоволна сум од покривноста. Ви благодарам на сите за советите за течен коректор.
@buba4e89 Фиксирај го со транспарентна пудра во прав, течните коректори мене повеќе ми се добираат во линии него тие кремастит, па пудрите во прав ми се спас, Аура имаат таква пудра.
@Rose96 ако имаш некаде конкретно мислење за коректори или нешто на блогот, те молам прати линк, ако не, де советувај што е најдобро - немам подочњаци, ама имам малку пеги и на неколку места самата кожа ми е поцрвена него на други, немам мозолчиња и сл, сува ми е кожата со мрсен нос Што и да предложиш имај во предвид дека покрај нормално течната пудра, без пудра во прав и/или камена пудра не излегувам од дома
Пρостет за вегите .И да подочнаците,немам туκа ставен κоρеκтоρ.Ама на слиκава ептен ми се пρиметливи плус имам едвај 4 часа спиено.
Користам пудра во прав. Јас пред некој ден барав рецензија за течниот на Аура,но имаш само за кремастиот во форма на карминче. Може имаш и од течниот па да не сум видела. Инаку ти благодарам за советот,јас не сум навикната на течни коректори овој ми е прв.
Синo smoky eyes .знaм декa пудрaвa мн белa ме прaви пoгoтoвo кoгa се сликиве сo блиц. Утнaтa е нијaнсaтa нo мoрaм дa јa пoтрoшaм
Ќе ти напишам најдобронамерен советт. Ти ја следам шминката од порано и сериозно се имаш подобрено во однос на некои работи. Користиш предобра и квалитетна козметика. Меѓу тоа на (скоро) секоја слика две очи ми бодат работи. Колку и да е добра шминката мене како прво вниманието ми го одвлекуваат веѓите. Некако како да штрчат, предолги се. Особено левата. Би ти рекла да ги исчуваш до крај неколку недели, да почнеш да одиш нај козметичар барем еднаш месечно да ти ги средува и крати. Исто така можеш да почнеш да употребуваш моливче за веѓи. Трепките, исто така добивам впечаток (на некои слики, не на оваа конкретко) дека имаш еден тон маскара врз нив. Еден до два слоја е сосема доволно. Првиот да ги разчешлаш убаво, па кога ќе се засуши можеш да поминеш со уште еден слој. Уште нешто да додадам. Мислам дека посветли нијанси на кармини подобро ти стојат.
Благодарам на советите , моливче за веѓи употребувам , на Есенс , инаку пред неколку страни баш и др ме критикуваа за веѓите , точно е дека никогаш неможам да ги направам ко што треба , гледам некои видеа од јутјуб и ги исцртувам па ми изгледа многу неприродно ги бришам и потоа по свое бев на козметичар и да ти кажам ми ги направи катастрофа тенки , среќа брзо ми растат па се вратија во нормала сега ќе барам некој што знае да ме упати да одам некаде зашто ептен се нериврам што никогаш неможам да ги средам. Во врска со кармините , веќе ги избегнувам тие светли нјуд нијанси зашто ко дух ме прават
@koritsaki Смени ја козметичарката. Вака имаш добра форма, само одоколу да ти се фатат влакненцата и да се скратат малку. Тоа може и некоја пријателка да ти го направи, ако се разбира секако.
@koritsaki јас не се разбирам многу во шминка, ама некако ми се чини дека пудрава е светла... не знам, ако грешам нека ме поправат
@eloves - да дефинитивно не одам веќе таму , инаку да напоменам дека прв пат бев на козметичар ,не се оди кај секого ама ете се учи од грешките @CameliaMiller - да светла е ептен баш и напоменав погоре ама мора да ја потрошам и така уште малку има внатре