@macka91 @lovemme Кaкo гo стaвaте тушевoте, aлaч дa ви е..oмaте некoи видеa или? Или дa oпишете пoстaпкa,дoкoлку не ви е тешкo...oд тaaтoчкa дo oвaa бчa блa..
Ти благодарам @SunnyGirl2 . Имам изгледано доста туторијали за тоа како да се нанесе туш и после тоа само вежбање малце и мислам дека станува навика.
Благодарам @SunnyGirl2. Јас во последно по ова видео го нанесувам тушот. Еве нешто пак од мене. Спојлер Ич не сум задоволна од сликиве, бојата не е иста.
На форумов има доста убави девојки, морам да признаам. Ама ти, девојко, поубава не можеше да бидеш...
Амор @Lady Phoenix, кога видов нотификација се порадував дека ќе има твоја шминка. Инаку Ким, навистина си прекрасна и многу убаво се шминкаш. Ми се допаѓа што не претеруваш со премногу бои и сенки и светки и хајлајтери и чуда. Онолку шминка колку што е потребно за да се нагласи твојата природна убавина без да ја засениш.
Хахаха, Глам, овде само профи шминки се ставаат, што да ставам јас? Многу едноставно се шминкам. Ај можеби ќе ставам ако успеам добро да се сликнам.
@Lady Phoenix @LivingGlam Фала ви многу девојки, иако морам да признаам дека некогаш знам малце да претерам со хајлајтер, ама само некогаш
А веѓите сама ги обликуваш? Слабост ми се, прво тоа го забележувам. Ако одиш некаде во салон, те молам сподели затоа што сеуште немам најдено добра козметичарка кога станува збор за веѓи. И пофалби за тушот, како го нанесуваш Со таков фат, и наједноставна шминка изгледа перфектно
Од секогаш сама ги средувам, ама и секако ги доцртувам, се приметува Иначе имам другарка задоволна од Амели кај бит пазар негде, не знам точно да ти кажам не сум била јас. Иначе 200 денари зима, па ете може уште некоја феминка може да ти каже ако имала позитивно искуство
Кога веќе сте спомнале техники за нанесување на туш, еве како јас најчесто го нанесувам. Техниката е истата што ја спомна @macka91. Ги ставив и двете слики бидејќи на втората слика поради трепка изгледа дека не ми е баш права линијата. Се извинувам за лошиот квалитет на сликата.
И јас морам да ја пофалам @kim.k за прекрасните веѓи и за секогаш исто прекрасна шминка. Јас пола саат ги тинтрам моите (нормално кога имам нерви и за некоја прилика) за сличен изглед како твоите пошто такви веѓи ми се перфект. @buba4e89 и @lovemme пофалби за перфектното блендање на сенките Браво за секогаш разновидните бои на сенки. А @LaraSolare ми е како сестра во шминкањето, и двете сакаме подраматични и впечатливи начини на шминкање, така да апел да се активираш во темава. @Rose96 веќе ја ставам во попрофесионалните води, од кога те знам до сега страшно многу имаш напреднато, се гледа дека имаш вешти раце кога станува збор за шминка и дека со љубов и мерак се шминкаш секој пат. И малку оф топик ама потемнава боја на коса ти е прекрасна, толку многу убаво ти стое дури и шминката многу повеќе до израз доаѓа. @koritsaki последните неколку шминки ти се најдобри, совршени! Блендај, блендај е така, трепките ти се супер, оваа маскра мислам најмногу ти одговара и боите на кармин ти се погодени. Најмногу пофалби за лицето, секогаш ти е како стакло, најмногу ти завидувам на сите пудри што ги имаш, кои што се буквално најдобрите на целиот пазар. @sesilija тушот ти е многу убаво нанесен, нема замерка за тоа, туку ако може да ми кажеш на долните трепки дали и каква маскара имаш ставено? Јас имам проблем со долните трепки, секогаш ми се заплеткуваат и ретко која ми ги истакнува убаво. Еве ме мене како јас најчесто си ставам туш.
@anuskaNESTLE маскарата е портокаловата од Авон, дава уште поубав ефект од овој, само јас на горните трепки претходно имав ставено еден слој, малку да ги истакнам, а тушот го нанесов дополнително и не сакав пак да ставам нов слој маскара на веќе засушената, знаеме дека тоа не дава добар ефект. Инаку девојки мене слаба страна ми е лајкнувањето, се извинувам многу за тоа, некако многу ми е напорно општо по ваквите теми со слики, и не само во нив туку генерално, и ако имам пропуштено многу постови само лајк, па лајк, па лајк и некако ме смара сето тоа- уште еднаш се извинувам, а доколку почнам да лајкувам да не мислите ви го манијачам профилот, само многу сум имала пропуштено. Но сега кога веќе пишувам пост сакам да кажам дека кај Бубаче има големо подобрување, или пак можеби претходно проблемот бил во аголот на сликање, не знам. Коритсаки, и за тебе го мислам истото, можеби некогаш аголот на сликање дава погрешна претстава за самата шминка, но ми се допаѓа што ги прифаќаш сугестиите на девојките (а зошто и не би ги прифалила кога се добронамерни) и се трудиш да се подобруваш. И Бубаче ги прифаќа сугестиите очигледно, само претходно мора малку да се оди низ потешкиот пат, да има. Во глобала, темата изобилува со прекрасна шминка, и навистина служи за инспирација и мотивација, прави да се трудиме да го извлечеме најдоброто од нас.