Фала ти многу Сенките се од палетата на sephora во продолжение ќе ставам слики од палетата. За светло зелената претходно нанесов коректор за да може убаво да се залепат и да стои светкавата сенка користени се само овие 3 сенки од левата страна.Тушот е од голден роуз
Сакам да експериментирам со шминкањето, па решив за првпат да ставам некој темен кармин, обично секогаш светло-розеви носам, па еве ме Имам мешано 3 сенки, бела и две светло плави ама не знам на сликава зошто вака личи. Целосна слика немам, така да гледајте ме вака ко пола чоек
@koritsaki Многу убава и квалитетна шминка користиш.Кожата ти е како фотошопирана.Последната слика ми се свиѓа многу бојата на карминот, баш есенски и убаво ти стои, нежна шминка на очи и јаки усни е полн погодок.Јас имам замерка само за обликот на веѓите може малку подобар облик да им направиш, но сепак тоа е личен избор и ако тебе вака ти се свиѓаат тоа е во ред.А предходната шминка не ми се допаѓа бојатоа на караминот, многу ми е некако бледа за тебе.Сенките се супер и убаво нанесени, но со понеутрални усни сметам дека би било поубаво. @AnaKarenina од сликата со очилата веднаш ми дојде слика како си онака скоцкана како некоја деловна јака женска, а може и си од кај знамКако и да е убава ти е многу шминката, баш е тешко да се нашминкаш кога носиш очила, бидејќи носам и јас и тоа тешко ми оди.Перфектна линија на туш, белото моливче е добра финта за тие со ситни очи. @macka91 Многу убави црти на лицето имаш и шминката која ја носиш ептен ти ги истакнува.Убава боја на кармин, а и сенките, јас многу се воодушевувам на луѓе кои имаат храброст да носат сенки со вакви бои, мене ми се свиѓа на друг како му стои, а јас не можам да се осудам да носам.Како и да е убав туш, убава сенка и убав руж на образите.
@1209 Извини што се мешам. Најпрво се согласувам и делам исто мислење во врска со коритсаки. Редовно ја пратам оваа тема и многу ми се свиѓа шминката на мачка. Но твојов коментар за мачка ме збуни. Какви се тие бои што ги користи мачка и зашо храброст за тоа?
Што е толку збунувачко?Зборував за розеникавата сенка, зошто мене ми личи на розеникава бојата, немам јас храброст да носам сенки што не се во неутрални бои како црна, крем и сива, затоа и реков, има и други членки што ги носат и ми се свиѓа.
@1209 благодарам на коментарот , морам да кажам дека лицето последниов месец ипол ми се исчисти , црвелата веќе ги нема од како почнав да ја користам кремата на la roche posay а за нијансите на краминот , толку темни нијанси навечер користам ама многу ретко , поготово овој кармин на сликата е многу , многу темен скоро и црн да кажам и тие nude нијанси ги избегнувам некако мислам дека воопшто не ми стојат многу бледа ме прават
Mорам да ја пофалам @macka91 вистинска мачка си Многу убава ! Исто и @1209 прекрасна си, имаш некоја уникатна, безвременска убавина. Eве еден драматичен изглед за @anuskaNESTLE пошто и двете сакаме појака шминка Сликано 4 часа од како се нашминкав Кај веѓата и на дел од челото на првата слика светам зошто сум завртена накај светлото. *ЕDIT :Најдов една со подобар квалитет сликана пред да излезам,послендата Спојлер: Користени продукти Лице -Estee Lauder Maximum cover течна пудра -Mac pro long wear коректор -Kat Von D сет за контурирање -Calvin Klein One руменило -Becca Champagne Pop by Jaclyn Hill хајлајтер -Max Factor Creme Puf камена пудра -NYX matte finish фиксатор Oчи и веѓи -Anastasia Beverly Hills dipbrow pomade:Ashbrown -Smashbox photo finish база за сенка -Make up foreverМ846,М738 Artist shadow за блендирање -Classics виолетова сенка -Esteе Lauder тегет/темно виолетова сенка -Stila metal foiled eyeshadows: Metalic cobalt -Gosh туш -Benefit They're real маскара Усни -Zerva Royal Red моливче -Estee Lauder barely nude 46 кармин -За мат ефект на усните ставив Make up forever транслусцентна пудра