Леле криво ми е што во целото брзање вчера не ми текна да си ја сликнам шминката за на свадба кај сестра ми Иначе @koritsaki сенкиве на wet n wild се продаваат во сефора или не?
kim.k лани ги наоѓав производите на wetandwild на ибеј но сега ги најдов овде во гр во една маалска продавница
еве една слика ама сечена е и многу матна, ја сечев а беше селфи со предна камера, така да извинете ако не ви се свиѓа, буквално само ова го имам сега приметив
@LivingGlam, ајде барем отворено окце следен пат. @kim.k, совршенство низаедно. Еве нешто многу секојдневно од мене: нешто тажно гледам на сликава и устата
@kim.k на таа убавина не може да не ни се свиѓаСлабост имам на густи, дебели, убаво обликувани веѓи, сол на рана ми ставаш кога ќе ставиш слика од блиску и кога ќе видам колку се совршени Цел живот мака мачам со моиве, едвај ги средив по бројни перипетии што им се случија што по моја, што по туѓа вина Ви благодарам на сите на прекрасните зборови од претходниот пост Eве ме мене со поедноставна шминка,почнав за преку ден или така за на кафе преку недела да се шминкам по нeжно Спојлер: Користени продукти Лице -Revlon Colorstay пудра -Make up forever HD транслусцентна пудра -Mac ProLong wear коректор -Calvin Klein One руменило -Becca Champagne pop хајлајтер -Kate Von D Shade+Light сет за контурирање Oчи и веѓи -Anastasia Beverly Hills dipbrow pomade:Ashbrown -Smashbox photo finish база за сенка -Make up foreverМ846 на капакот,М738 Artist shadow за блендирање -под веѓите ставив од истиот хајлајтер како на лицето -Gosh туш -Benefit They're real маскара Усни -Zerva Royal Red моливче -Estee Lauder barely nude 46 кармин *сликано е 6-7 часа откако се нашминкав, ама мислам дека солидно се гледаат боите
@LaraSolare фала ти многу, јас кога ќе видам што шминки користиш едвај чекам да почнам на работа да идам за првите неколку плати на тоа да ги оставам
So sto gi crtas vegite molivce ili senka firma i brojce ako moze,i kaj mene se crni i nikako da pogodam ni senka ni molivce ako e kafeno se znaat,ako e crno ko tetovirani i taka samo si pravam eksperimenti
@butterfly* па девојката што си ја цитирала нема црни веѓи, туку кафеави.. Иначе на golden rose има моливче за веѓи, ептен темно сиво накај црно, и изгледа убаво