@buba4e89 се е убаво, освен вештачките трепки на едниот изглед. Некако ми изгледаат како не долепени на почетокот. Нареден пат само малце запази на тоа. Но сепак тушот ти е убаво нанесен
Долго време си ја разгледувам темава само од страна, па еве и од мене едно скромно сликчуле П.С. @Kukla994 и @QweenSM, уште еднаш да ви кажам - најубави сте ми, најмили мои!
Бубаче сенката не ти е баш најдобро изблендана. Во средината на окото како да ти е пресечено. А и боиве на сенкиве некако не можам да ги спојам една со друга. Целосен впечаток не ми се допаѓа си имала многу подобра шминка. @buba4e89
Многу лошо. Се согласувам во врска со боите не се една со друга вклопени,ниту блендирани. Мислам дека трепките се однопачки залепени.Наместо на лева ти на десна или обратно. Си имала подобри се согласувам. Единствено ми се допаѓа бојата на туш на 2 слика и карминот.
Трепките ми се големи. Другите ок,досадно ми беше експериментирав. Секако нема да се шетам така. Друго што сакав да кажам е дека тушот во боја не е туш туку кармин. Сепак ок,се е до вкус.
Ким немој со вакви слики почнувам да се разочарувам. Таман мислев дека јас убаво го нанесувам тушот ова ти што го правиш не е нормално, ќе треба уште да вежбам јас. Совршена ти е линијата. Кажи ми каков туш користиш? @kim.k
@macka91 леле фала ти, ме утеши малце, јас мани си наоѓав дека брзав во шминкањето. А сега наместо да искочам дремам на фемина Иначе го користам тушот на голден роуз, тој со тврда четкичка што е. Со меки некако чудно ми е, немам прецизност баш @SunnyGirl2 имам ставено многу малце црно моливче, и после тоа го изблендав со мат темно кафеава сенка. Од базаро имав купено едни чкарт сенки, од тие е, абе највише ги користам, ептен ми се погодија
@kim.k и јас си велам и повеќе ми велат дека многу убаво сум го нанесувала тушот, ама после твојата слика, јас треба уште многу да вежбам. преубаво се шминкаш, инспирација си ми! @Someonespecial убавице моја, ти благодарам ама неможеме со тебе на убавината
@Bloom19 на golden rose моливче за веѓи, јас го имам бр. 101 затоа што имам црни веѓи а тоа е најтемно.