Овој пат малку поразлично. За вчеравечер - прв пат понежно smokey eye,само боите не се баш убаво доловени на слика,бидејќи сликав со телефон.
Хајлајтерот е FamousX shimmer brick - Mariah, го имам нарачано од интернет уште од поодамна, но мислам дека повеќе не се произведува. Спојлер
Се спремав за на слава, па реков да се сликнам и да ставам слика тука. Еве како се нашминкав денеска, штета што немам поубав телефон да се гледа поубаво, дел ми се со компјутер, дел од телефон сликите. И за крај едно кадро и од мене.. Поздрав женскии
Чудно ми е кога немам туш ставено Наместо сенка имам само малце бронзер на есенс ставено, и малце бела на краевите, ептен обично
Прекрасна си! Може да пишеш која козметика ја користеше? Конкретно, коректорот и пудрата ме интересираат
Фала ви @Rose96 и @Avery Иначе еве што имам ставано на устата триста глупости сепак од се имам ставено многу малце, така да главна е бојата на карминот на сефора бр 13 е. Пудра имам ревлон ставено а коректор на катрис