Фала ви девојки на сите, немате појма колку ми значи кога ќе прочитам вакви прекрасни коментари. Поздрав до сите
Какво е тоа вторто моливче? Не се гледа баш фирмата. Инаку преубава си, кожата ( прво нешто што секогаш забележувам) ти е како фотошопирана, чиста, совршена. Пофалба за веѓите, мислам ти имам еднаш пишано за нив, ама чисто лице и средени веѓи ми се најважни мене. Во однос на шминката, и со туш и без туш, и со појака и со понежна шминка ми се допаѓа секако. Инаку која боја/нијанса ти е пудрата? Приближно имаме сличен тен, па би сакала да ја пробам оваа нијанса. И руменилото исто така ми се допаѓа, преубаво се вклопило со нијансата на карминот, за кое руменило станува збор, фирма? И последно прашање хајлајтер и трепки имаш ставено?
Чекај, полека Ај по ред Моливчето е на She бр 001. Верувај кожата не ми е ни приближно како што мислиш, ама пудрата и коректорот си го прават своето Пудрата на ревлон ми е за мрсна/комбинирана кожа, бр 150, а коректорот 010 беше ваљда, ако не ќе направм едит за 5 мин ќе проверам Иначе на сликава имам ставено бронзер на есенс sun club, shimmer bronzing powder не е од тие матот има ептеен малце светки, не се јаки сепак. Руменило на аура - deep wine, ама ептен малце бидејки стварно ми е прејак иначе, и ако ставам многу можам да си ја упропастам цела шминка. Ми се случи еднаш тоа и почнував од почеток Хајлајтер не, ама сенка ми изиграва хајлајтер Обична бела сенка со светки И иначе морам да напоменам, на сликава изгледам во лицето како да сум некоја нијанса потемна од што сум во живо, а карминот па обратно. Дека од блиску со блиц ми е сликано и не се тоа тоа ептен боите. Ама сепак има тестери во космо за пудрата, можеш да си видиш. Трепки немам ставено, маскарата ми е Maybelline Lash Sensational.
Прекрасно! Каков е тушот? Црн е или има отсјај од сенката па изгледа како на зелено/маслинесто? Ептен ти одговара со очите, супер.
Ах, @kim.k, што ти направив! Не сум во тек колку комплименти си добивала претходно на темава за твојата неопеана убавина, ама пратам откако јас го кажав моето... И да беше позната личност, редици од луѓе ќе имаше пред врата сега, како што имаш коментари на темава. Да не звучам многу манијакално, ама да бев машко... Многу ќе се потрудев околу тебе. П.С. Прва мисија ми е кога ќе искочам да го пробам Ревлонот на тестер. @Anabelle.Amorette имаш многу убави и заводливи бадемасти очи. Некако многу фино и нежно си се нашминкала. Ајде, па следен пат малку повеќе. @s1a1n1d1r1a1, имаш специфични црти на лицето и баш знаеш каква шминка да си избереш во склад со нив. Права мачкица си, да ти кажам и зрачиш со некоја чудна харизма. @Artemission, јаоооооооо! Ќе ме убие толку лепота на едно место. Не знам дали си свесна колку си преубава и нежна? Плус знаеш како да го истакнеш тоа со шминка. Се надевам дека следен пат ќе успееш да се сликнеш со некоја понесекојдневна, да се восхитиме уште малку. Генерално, преубави девојки на темава, што предобро се шминкаат. Btw, @alekksilium, пред некој ден немав што да правам и ти го разгледував Инстаграм профилот. Преубава си и секој вид на шминка ти стои, чудо!
Блубери, ако се најде некој вешт да ме нашминка, ќе дознаете и вие, а и јас. Некако имам впечаток дека не ми стои јака шминка. „Појако“ нешто од моливче на горниот капак за мачкест изглед и црвен кармин кој не ме бендисува како ми стои немам ставено. Изгледа не знам да се нашминкам.
Добро е, мислев дека сум единствена. Ако се отвори тема за антиталент во шминкање, особено ставање туш, го имате победникот. Немам конкуренција. Особено во техниката *panda eyes*
Незнам дали кај мене така се гледа ама моливчето на веѓите е размачкано исто како и карминот,инаку бојата на карминот многу убава и многу добро ти стои