на веѓите не но на карминот да ,со овие кармини во вид на сјај секогаш се умачкувам решив да го бришам но ако малку се засуши не се вади лесно и баталив @Perfect7 тоа е прајмер за лице , пред пудрата што се става , овој е со чајно дрво наменет за лица со акни
Perfect od Grcija mi e zemen potocno od the body shop. 30ml okolu 12 evra go zemav. Ako odis nakaj Solun ovie prodavnici gi ima tamu
@frosyGrc не можам а да не забележам дека на сите слики имаш премногу пудра. Особено се забележува во делот кај носот, кај аглите на усните и под очите имаш дури и брчки од смеење. Најверојатно си ставила премногу пудра и не си ја размачкала и сето тоа си го дополнила со камена па крајниот ефект не е баш совршен. Инаку ми се допаѓа како си ја нанела сенката, освен онаа комбинација на премногу златни сенки и дебела, сина линија под очите. Нареден пат внимавај на количината на пудрата и ќе биде супер.
Здраво @jovanovska94 таа фотографија ми е за времетраење на курсот за професионална шминка што го посетував. Секаде каде што би ве шминкале за свечена и вечерна шминка која треба да трае мора да се фиксира со камена или фикс пудра за да биде трајна. Ова сепак не е секојдневна шминка и бидејќи лицето се храни од самата пудра доколку не се нанесе количински за 3 часа ќе ја снема,а тоа не сакаме да се случи нели?
Не, нема да ја снема ако е квалитетна основа и ако е добро нанесена. Сум забележала дека повеќето професионални мејк ап артисти кај нас се водат по истава оваа филозофија, па крајниот ефект е... благо речено неприроден. Бидејќи некаде погоре спомна Kryolan, претпоставувам дека и пудрата ти е од таа фирма? Поправи ме ако грешам. Воопшто не ми се допаѓаат основите на тој бренд, сите изгледаат вака и повеќе се наменети за сценска шминка, не за невестинска или свечена како што ги користат кај нас. Свечена и вечерна шминка не мора и не треба да е паштетеста. Негувано лице и нормална количина на шминка - тоа е тоа што ја изразува убавината на една жена. Леле луѓе, на последната свадба кај што бев... ај што беа сите ко штанцани затоа што беа излезени од два салони, туку сите изгледаа ко со цименто на лицето. До крајот на денот беа размачкани и растопени до немајкаде. Ниту еден светски познат мејкап артист нема да си дозволи таков изглед, јас не знам од каде овие трендови кај нас. Инаку @frosyGrc, шминката на очите ми се допаѓа на повеќето фотографии... некаде е премногу но се работи за вкус и тоа не коментирам. Ама ја имам истата забелешка како @jovanovska94. Преубава девојка си. Остави тоа слоеви пудра фиксирана со камена ко што те учеле на курсот, процени сама како изгледаш најубаво.
Фала на ко Ти благодарам на комплиментот, јас не се шминкам само себе, туку веќе шминкам и други затоа и ми е важно туѓото мислење. Инаку да, користам Криолајн, и на таа слика со златното посочувам дека не се шминкав сама туку меѓусебе се шминкавме на курс
@frosyGrc никако не можам да се сложам со твоето мислење дека вечерната шминка треба да изгледа како паштета попрскана со брашно. За некои свечени прилики сум била и во салон, меѓу кои и свадби кои траеле цел ден (од 12 претпладне, па се до 1 по полноќ) и крајниот ефект не бил ни приближно натрупан како твојот. Сум имала подлога за шминка, течна пудра, коректор и камена пудра и лицето ми изгледаше пред се природно, тенот ми беше рамномерен, а со камената пудра само беше спречено да не светнам во тек на денот. Исто така шминката воопшто не беше размачкана или растечена. Годинава, за апсолвентската прослава, имав подлога за шминка, течна пудра која ја користам за секој ден (нискобуџетна пудра од околу 300 денари од Оriflame), камена пудра (Creme puff која исто така е не повеќе од 300 денари), ме шминкаше моја другарка која нема посетувано курс па може да се каже дека е аматер, иако шминка како професионалец и добив многу пофални зборови за шминката. Покрај тоа шминката стоеше на место цела вечер, иако беше прилично топло во салата. Една од девојките на форумот, конкретно @Rose96 има ставено многу слики кои се со висок квалитет, користи високо- покривни пудри, и уште ред други работи, и пак не можам да видам брчки од премногу шминка или некој друг недостаток.
Освен на сликата со светките (каде што два пати напоменав дека се немам шминкано сама), на која друга слика моето лице изгледа натрупано, т.е како паштета што би рекла ти?