што го гњавиш девојчево со твоите глупави критики кои што не докажуваат ништо ! Девојчево прекрасно изгледа , мн е добра нашминкана , што се однесува на пудрата и коректорот , брчките и итн , секој става пудра колку што му е потребно , јас имам себореја и мн црвенило на лицето и ми треба повеке пудра да нанесам на лицево за да го покријам црвенилото, и по твое мислење јас ако излезам преку ден не смеам да ставам пудра многу , бидејки не одам на свадба или на апсолвенска туку на кафе ? Ако си толку експерт како што се преставуваш на форумов во секоја област од врски /совети , до шминкање , ајде да видиме како ти се шминкаш па тогаш ке коментираме и за количество на пудра и на брчки
@srcence1607 што кармин имаш ставено на првата и третата слика? Не сум сигурна дали е ист или не, ама убаво е
Срцка за истиот кармин се работи, само што на првата слика е ставен под малку коректор и бело моливче за уста и делува посветло како темно виолетово, а на третата слика е чисто самиот кармин во 2-3 слоја да ми држи пошто е мат.
Не, мила, имам посетено курс и се занимавам со шминкање. Искрено сега се активирав на форум и немам баш искуство како тоа иде со правилата. Како и да е поентата ми е да соберам искуства и мислења од вас, а ако толку ви пречи ОК, нема да постирам во иднина
@frosyGrc па никој не рече дека ни пречат твоите слики и да не постираш. Нема потреба од толку лично сфаќање на работите. Мене лично темата ми е една од поомилените, а верувам и на многу други. Секогаш е интересно да се видат нови начини на шминкање, да се добијат идеи. Ама пак ќе повторам, целта на темата е да покажеме наши начини на шминкање, тоест што сме се шминкале сами, а не професионални шминери. Тоа важи општо за сите членови, не само за тебе. Еднаш ти пишаа ти го игнорираше мислењето, затоа јас ти пишав по втор пак нема лутење.
Mnogu ubavo se sminkas i ti si mnogu ubava,ama kosata ti e preubava.Omilena frizura mi e toa,no i ubavo ti stoi
Прекрасно! Многу добар избор на кармин, многу ми се допаѓа. Но од се, веѓите твои ми се секогаш највеќе допаѓаат! Прекрасни веѓи.
Аман бе Бубаче, дај стави некоја слика кај што не ти е убава шминката. Се шалам, немој. Секогаш очите ти се совршено нашминкани. Сакаам и јас вакааа.. Дај сподели како научи сенките да ги нанесуваш и блендаш. ♥