@Rose96 дали можеш да ми кажеш што марка е црната сенка, гледам дека е доста пигментирана. Патем, прекрасна си, а верувам дека и со црвен кармин би стоело оваа шминка.
@buba4e89 сенката е од catherine arley, од тие моно мат, да баш многу е пигментирана. И да пробав и со црвен и убаво стоеше ама за жал не се сликав
Некое пазарско не ни пишува фирма, 30-40 ден беше па си го купив ама бојата ептем убава е. @buba4e89 @frosyGrc каков кармин имаш на последнава слика?
Мило ми е што си пак активна.Искрено да ти кажам, пред 2 години, кога не бев зачленета, ги гледав сликите од вашата козметика, и производи за тело.Тебе те паметам најмногу.Дали дека активна беше.Како коректор имаш ставено, гледам и ти мака мачиш со долгите линии наречени подочњаци ?
Благодарам @Winter Lady Си имам мака со подочњаците ама нема спас од тоа, такви се откако знам за себе. Моментално го користам Fit me на Maybelline ама го нема во Македонија. Најслично на тоа овде ми е коректорот на Misslyn, но во последно време крш се со нијансите.
Истата шминка под различни светла. На очите имам мочивчиња од есенс, зелено и сино, на усните аура кармин ако не се лажам 603, на образите контури со сенката од есенс и руменило од маалска продавничка. Маскара Голден роуз. Веѓите занемарете ги, а флеката од страна на носот е од очилата.
Те молам, можеш ли да ме просветлиш како ги лепиш трепките со ова лепило? Имам искуство со вештачки трепки, но прв пат купувам од Аура и прв пат го користам истово лепило. По два неуспешни обиди, во искушение сум да го фрлам. Едноставно, многу е течно, никако да се засуши и воопшто не успевам да ги залепам трепките. Инаку, прекрасна шминка, порцелански тен... Убавини
Да се пофалам со новата пудра. Секојдневно. На вторава слика може да се видат траги од недостатоците на моето лице (ова беше најдобро што можев да покријам, што е неверојатно добро во споредба со претходно користените пудри).