Фала ти мила да ефтини се и трајни и тешко се ваѓаат ,пишува на нив водоотпорни ама што викаш за тие пари ехтра се...
@sesilija провери на бит пазар или во тие продавничките од мода и импала што се наоѓаат таму @ANGIE1 човек, прекрасна си, преубави ти се очите
Вечерно издание. Боите се многу поинтензивни, нешто како нежен cut crease треба да биде, ама светлото е лошо и каснев па ептен на брзинка се сликнав. Спојлер
@Artemission Прекрaснo. Мене сaмo ме зaнимa дaли кoристиш некaкви ефекти нa сликиве или прирoднo кoжaтa ти е нежнa бебешкa. Акo е втoрoвo пиши кaкo јa oдржувaш, креми, лoсиoни, или еднoстaвнo генетикa?
@Artemission Женска прекрасна си! Толку ти е совршено нанесен тушот, толку ти е совршена кожата. Само пофалби, големо браво!
@Bridget и @QweenSM ви благодарам. Многу ме прашуваат за кожата и ќе искористам да одговорам на сите. Првенствено да кажам дека се сликани со предна камера од телефонот и beautify face ефектот што го дава автоматски при сликањето. Лицето ми е површински мазно, имам само пошироки пори што мислам дека се гледа и на сликите. За тоа како го одржувам ќе пишам во соодветната тема подетално, но во глобала единствен производ што можам да го препорачам е вода, многу вода. Остатокот е соодветна пудра и правилно нанесена
На првата слика ми е така понежно смоуки со малце светки, а на втората со виолетова сенка, така сакав да дојде повеќе во израз. @Giovanna фала ти за советот драга, еве пробав така како што ми рече, дали е подобро нанесен?
@QweenSM пред се морам да те пофалам дека убаво ти е нанесена сенката. Верувам дека во живо уште поинтензивни се боите. Инаку тушот е многу подобро нанесен овој пат. Не дека сум некој релевантен фактор, но од она што го имам досега заприметено кај сите професионални шминкери што ги следам, тоа е дека линијата на тушот ја следи линијата на веѓата. Не гледам овде веѓата точно каде ти завршува, мислам дека има простор уште неколку милиметри подоле да оди, ќе си се испраксираш со време уште подобро да го нанесуваш Како и да е супер изгледа и не паѓа директно во очи како минатиот пат, треба некој ептен детално да те замерка, ко сега јас, за да ти најде маана
Мене па шминката ми е толку еднолична, колку да не бидам без очи и толку. Уста не сликав, обично таму неутрални бои користам или само лабело, зависи од приликата. Спојлер
Ха, пак јас Периодов предновогодишно сум скоро секоја вечер излезена па имам повеќе материјал за сликање. Спојлер
@Artemission знам дека сите ти кажаа морам и јас, стварно имаш совршена кожа, да не ти се уроци Животна желба ми е ваква кожа, ама мислам дека никогаш нема да ми се оствари, се гледа дека не е само до пудрата што ја користиш, природно ти е нежна.И останатата шминка ти е прекрасна, имаш убав начин на нанесување туш и сенки.А и веѓите ти се супер обликувани.Мене карминот не ми е баш убав, ич нејкам бледи нијаниси, но прашање на вкус е нели, како и да е прекрасна си