@joy1 тоа е најверојатно така дека тој дел и е исчупан и што ставала пудра така изгледа. Мое мислење.
Шминкава ти е одлична, но некако веѓите ти се пренагласени. Истакнати ти се премногу во однос на целото лице и шминка. Барем мене така ми изгледа вака кога те гледам. Инаку се е супер и ако може да ми пишеш за карминот. Блгодарам.
А што пудра е фотошопот? Ај не ме заебавај, или апликација за досредување слики или фотошоп. Сенката на окото ја издава реалната состојба на лицето, а и околу косата се гледа. Ниту една пудра не може да ти ги избрише порите. Бидете искрени и реални аман.
@koritsaki јас би ти препорачала да не ги чупаш веѓите на почетокот толку многу зошто приметив и на претходните неколку слики дека ти се раздалечени една од друга повеќе од нормално. Едно не изгледа природно и фино, друго што прави носот да изгледа визуелно поширок и очите раздалечени. Ова е мое мислење што не значи дека треба да го прифатиш доколку тебе ти се допаѓаат вака
Не е само она, скоро сите слики се уредувани или сликани со некоја слаба камера намерно да не се познава реално колку е лоша шминката, плус еден куп ефекти. Се сфати како забава темава, нешто слично на инстаграм. Кој го интересира вистина шминкање, како изгледаат пудрите, нијансите, тогаш нека не доаѓа тука.
До пудрата е, сигурна сум. Види и ги сликите со друга пудра, и со оваа. Има разлика од пудра до пудра. Тоа го гледам и кај мене. Ја имам и јас ревлонот и знам како го прави лицето. А дали некој мисли дека ставам ефекти или не, реално гајле ми е. @buba4e89 иначе стварно се гледа колку поубаво ти е лицево со пудрава, ти одговара продолжи да си jа користиш И еден едит. Дај ве молам не ја пунете темава со вакви глупости. Демек пишува негде сликајте се со професионален апарат, не со предна камера. Не знам ти таму што. Е нема секој. Баш ми е убаво кога гледам феминките дека ставаат слики од шминката. Немора на секоја тема да има мрчења. Chill.
Сакате лутете се,сакате не сеедно,ама пола од сите нагоре се фотошоп и бjути апликации симнувате по телефоните и ставате слики ,ми се чини како почнувате да се натпреварувате коja поубава ,коja вакви веги ..оваа ваква пудра. Става слика ако ти е убава ,сакаш пиши и коментар сакаш не,ама па веке почнувате да исмеjувате како што ми изгледа , исто како таа Jованоска што беше кога и се нафрли на новата членка фросе тука демек брчки итн се правеше многу знаена околу шминката итн а кога и беше побарано слика да видат таа како се шминка -Jа снема, оф топик сум ама ми се смачи да читам коj што имал брчки веги вакви онакви.
Бидејќи прилично редовно си ја следам темава и знам дека конкретно на неа (на Бубаче) лицето и беше пресушено, со несоодветна подлога и пудра, иако релативно чисто лице има без изразени пори. Затоа и го пофалив изгледот сега. Е сега... не сум детектив и најискрено не ми ни текна дека некој би ставил фотошопирана слика... оваа на Бубаче не ми изгледа така, ама па и да е нечија слика фотошопирана (па и нејзина да е) не ме лаже мене, се лаже самиот/самата. До толку не се оптеретувам. @rose60 еве јас веќе двапати те прочитав за бјути апликации и како сите погоре ставени слики се фејк, па те молам биди конкретна на кого посебно мислиш, наведи пример, ете за ваквите како мене што не приметуваат А и не мора некој да има постирано слика за да има право да коментира во темата. Патем, ти имаш?
Имам предебели веѓи и немам потреба плус да ги полнам ама ете пак го цртав хахахах ама ми се допаѓаше шминката и затоа решив да постирам Инаку карминот е мешавина од неколку моливчиња и новите кармини на Голден Росе 31
Па и јас редовно ја пратам темава и заради тоа можам да препознаам драстична разлика која не се прави само со промена на пудра, подлога, туку неприродно мат и е лицето. Та дури и отсјајот на челото издава кој е заматиран и добил чудна нијанса. Не сум детектив со тоа што забележувам. Што е погрешно во тоа да си каже искрено? И јас сум ја користела пудрата, ама ниту една пудра не ми ја заматува косата и влакненцата што штрчат. Бидете реални со коментариве, фршти фотошоп на деведесет посто од сликиве има фотошоп, ама ова е апла драстично. Пудра може да направи чудо, ама до толку? Вие може сте си другарки, па си се браните, ама тоа е тоа. Да ти потеницирам дека прилично лица ми прошле под раце во однос на шминкање, не сум професионалец, ама научив да правам разлики. Да не се лажеме, ќе дојде девојчето и ако е фер ќе си каже. Тоа колку користат и другите не коментирам, се забележува, ама па колку ужасни шминки си поддржувате тука, а утре да ги видите во живо сто посто би им се смееле. За почеток почнете да си кажувате колку им се ружни тетовираните и насликаните веѓи, кои толку се неприродни и грди и ги нарушуваат сите принципи на естетиката, чудесии...
Еве јас не знам од форумов, не ја знам ни неа. За пудрата ќе кажам, за мене лично прави чудо. Сега акните скоро ми ги нема, значи ептен ретко некоја во пмс али во главно не. Затоа лицето нема некои испакнати делови. Ама од тие што ги имав ми има останато многу црвенило и црвени точки. Кога ставам не се познава. Ете имам слики види. Немам ставано ефекти, или не знам што. Најчесто се сликам со задна камера од мобилниот со блиц, ако не се фокусира тогаш со предна. Секако немам само пудра ставено. Обожавам шминкање, интересно ми е и вложувам труд во тоа. А ако ме мислите и мене во тој голем процент, фала ви ко комплимент ќе си го сфатам, ако не ок