Па барем да сме си другарки , не еднаш бев брутално искрена спрема неа ама ај... И не знам што се пронаоѓаш веднаш ти во коментарот за детектив, јас за себеси зборувам. Кажав дека не приметив и не ми ни текна на фотошоп и пак ќе повторам ако е така нивен проблем, само лицето може да го изгланцат , што друго? Ако ти си приметила ок, и некој друг, ете кажавте, можеби сега ќе се сменат, мене да ми изгледало така ќе речев без да обвинувам друг дека не е реален или си ја покрива другарката
А бидејќи ти вака како искусна шминкерка, си можела да забележиш дека имав правено и плус countoring само не наведов. Се сликав со задна камера, се жалам себе си што никогаш не научив да користам фотошоп(боже сачувај). Колку што знам и @kim.k ја користи истата пудра, па значи ние двете се фотошопираме со телефоните во рака. Не дека се правдам и немам намера, само сакав да ти кажам дека не си реална со мислењето бидејќи немаш докази ниту факти. Јас искрено ваков напад не очекував. Разочарувачки делува што се фаќаш за мене, а многу други членки користат фотошоп што не се фаќаш за нив? Навистина ми е жал што имаш ваков став. Од мене толку.
Сигурна сум дека сите што имаме по нови телефони,на предна камера имаме опција убаво лице. Епа таа опција го мазни лицето. А забележувам дека некои девојки ја користат, вклучувајки ме и мене но јас избегнувам да ставам слика со предна камера сликана. Е сега и пудрата има улога , да и мене ревлонот ми прави чудо, но избегнувајте предна не се гледаат ни боите од сенката.
Да, ја имам и јас таа аплилација, но не ја имам употребено никогаш, не ја имам сфатено намената. И да ревлонот ми прави чудо и мене, и тоа е тоа, фер си кажувам немам што да се кријам, сакајте верувајте сакајте не, ваше си е. П. С. Гледам дека Ревлонот кај секого различно делува, ама ајде само да се напаѓало.
Ску батерф тоа што ме означуваш и ми се обракаш директно мене , а JАС немам потреба воопшто ако не сакам да ти возвратам ама еве ке ти вратам за да не бидам безобразна и да те игнорирам пред сите тука Ако ти не забележуваш тоа e твоj проблем не мoj, повеке од членките забележуваат Во моjот пост горенаведен кажав што имав да кажам ,а секако коj што сака ке пишува,почнувате да им се правите што и како А JАС Да кажам кои се членките што ставаат такви слики нема потреба доволно се познаваат а тие што имаат остро око ке ги познаат уште од прва,не ми се разговара со тебе , поздрав.
Прво, ти благодарам што се удостои да ми одговориш и не ме игнорираше пред сите тука Второ, ако сакаше нешто да кажеш, кажи директно на кои членки мислиш, тоа така иде на темава, а не : кажем ти ќерко, сети се снао. Ако имам проблем да приметам, ок, не го порекнувам тоа, затоа конкретно те прашав бидејќи колку што знам само ти и еве сега Лилит тоа имате спомнато. И ок е ако е така, ниту бранам некого, немам ни потреба, ете не знам и сега зошто ти пишувам тебе кога тебе не ти се разговара со мене
@buba4e89 демек е многу изненадена и увреџена Шо има лошо во тоа да кажеш-да, има на сликата ефекти, како впрочем скоро сите тука. Очигледно е, нема што да се лажеме, имаш поставено слики претходно, се гледа разликата. Јас имам ревлон па знам дека чуда не прави.
Еве каде и се гледа, со тоа што кај брадата веројатно сметала дека нема потреба веќе од фотошоп и ги оставила нерамнините, кај устата се гледа исто така прелазот. Кругчето кај косата се познава ама апла, колку сакаш негирај. А девојчето што ти го потенцираше, не е апликација, туку самата камера има опција за тој ефект. Бидејќи си така убедена во себе, јас убедено ќе ти кажам - лош ти е и контурингот, не сум видела таков по средина на чело посветла пудра, а темната нијанса од јаболчниците исто така ти е утната. Ако веќе така... Биди барем доблесна и кажи си фино, ама нели... ова е фемина, нема доблест. Ама не, мене ми се чини... така?
Лилит што ти е на тебе жити Господ. Те молам оставиме на мира, само да ме напаѓаш, можеш порака да пишеш. Јас сум чиста и доблесна а ти? Нека ми е лош, ми е гајле за себе си се шминкам, на луѓето им се свиѓам, на тебе не и тоа е тоа, кажав што имам и тоа е тоа. Што сакаш мисли, пишувај јас ќе те игнорирам, сите граници ги помина со твоите фрустрации.
Па тоа сакав и ја да го кажам. Зашо не признаеш дека имаш ставено бјути фејс бубаче? Признај што има тука лошо? Иначе добра шминка е. Но си претерала со бјути.
Уште една тема во која мора да се промрчи. Иако не сум забележала дали на сликите има фотошоп или не,едноставно не сакам да губам време на анализирање на слики,оваа со ефект,оваа без. На некои од поодамна апла се познаваше дека на taaz се додавани трепки,па сенки и слично. Само не разбирам што се постигнува ако мазниш,ако шлакаш со некои си програмчиња,пехари,награди,величања на форум,чекови од милион евра не се добиваат. Друго,што има врска дали е со апарат или со телефон сликано? Непишано правило ли има да се слика строго со апарат? Не велам дека не се поквалитетни сликите сликани со апарат,ама кој со што може,со тоа слика. Сите слики досега ми се со телефон сликнати,колку-толку се гледа како е нашминкано,ако не чини сакам да добијам критика и совет за да се подобрам,затоа и постирам слики.
Ајде бе девојки што се карате без врска.Па сите вие сте си убави и без ефекти,фотошопи и триста чуда.
Од време на време мора да има по некој огномет на темава инаку не би била тоа тоа. Дај бе оладете малце, надвор снегче, дома топличко, пивнете кафе, чајче, црвено винце, рилекс анд чил аут за двете страни. Мене ми помина ПМС-от, сите ве сакам
На сликата која ја ставила @Lilit од Месечината се гледа дека сликата има ефект. Прашувате каде? На деловите кои ги заокружи таа, плус драстичната разлика меѓу очите и челото, образите итн. Ај нека ми објасни некој од стручните како е можно на очите да имаш брчки, конкретно на капаците а останатиот дел од лицето да е порцелански мазен? Сакам и јас така да се измазнам со пудрата, па дај подучете ме П.С. А не дека прв пат гледам таков "измазнувачки ефект". Сенката не може да се корегира, ако е лошо исенчана- треба да си ептен pro за ретуширање па да средиш (што уствари нема ич логика), ама често гледам лица мазни како бебешко газе, на девојка од 20+ години.
@jovanovska94 ајде јас ќе те подучам, ама ќе почнам да наплаќам. И дај стварно бе користела или не, јас кажав што имам за пудрата и стојам зад тоа. Може за некој не прави чуда, ама има разлика и техниката на шминкање и што друго има на лицето. Да симнеш слика од некој и да заокружуваш според мене е многу ниско и детски.
@kim.k сум те забележала низ темата, шминката ти е одлична. Да, можеби и пудрата е одлична, секако има разлика од пудра до пудра, ама на твоите слики (бидејќи се сликани од блиско) се гледа каде имаш брчки, пори, неискубани влакненца на веѓите и слично. Ај погледни ја сликата погоре и кажи дали лицето може да биде толку измазнето од пудра?