Да, кај мене е така зашто сликам ептен од блиску и со блиц И секако, кожа е и нешто се познава. Ама сум приметила некогаш јас кога се сликам со задна без блиц или предна камера, така слично ко на неа ми е сликата и не се познаваат тие работи што се гледаат кога е ептен сликано од блиску и плус со блиц што доловува се. Ете јас реков дека мене не ми изгледа така и дека мислам дека е до пудрата. А ако не е и ако направила нешто не гледам потреба до толку што го нападнаа девојчево со слики. Свашта. Мене дури глупо ми дојде. Сепак треба да се има осет малце
@kim.k тоа е и разликата, со блиц се гледа буквално се (и што треба и што не) што не се гледа во живо. Со предна послаба камера не се гледаат несовршеностите, па тоа е да речеме во ред. Темата треба да се користи за пофалби или критики, па наредниот пат шминката биде подобра. Која е поентата ако додадеш ефекти? Треба да се има осет и кога убедуваш луѓе, при очи и здрав разум, дека не си користела ефекти, а уствари си користела и тоа без усул, нели?
Јас моето мислење го кажав, не еднаш 100 пати Не убедував луѓе, а ни она. Не сум и во телефон за да знам 100% сигурно дали она уопште правела нешто, а ако го правела да било без усул. Тоа е тоа. Ни ја бранам дека ми била другарка, немав појма кое е девојчето, ниту викам на сите леле срцки ама сте убави а во живо да им се смеам. Не се смеам ако на некој шминката не изгледала којзнае како. За жал сите многу забегавме од темава. Се надевам дека нема да ни ја заклучат
Meне ми се свиѓа шминката на Бубаче, ама и јас мислам дека има малку ефекти, се разликува ептен од предходните слики, може е до пудрата, планирам и јас да ја купам скоро па ќе видам дали стварно е толку магична.Инаку јас мислам дека треба да се каже ако има некој ефект на сликата зошто сепак повеќето од нас сакат да видат како реално изгледа некоја пудра, сенка и сл.Еве јас на последната слика приметив дека лицето ми изгледа почисто од обично и си кажав дека реално не изгледа така, не знам до што е, вајда до блиц, зошто мене ми е расипана предната камера па не е од бјути ефект.На предходната немам ни еден ефект освен малку замаглена околина, ама пак ми изгледа чисто лицето, а реално не ми е такво. Кажете си кој има ефект, да знаеме на што сме нели
Има една апликација како тааз слична, за шминкохоличари мајкичка е. YouCam Makeup се вика You can thank me later Спојлер https://play.google.com/store/apps/details?id=com.cyberlink.youcammakeup&hl=en Исто како да се шминкаш, на предна камера и испробуваш бои трепки чуда ружеви дури и нови веѓи да си пробаш како ти стојат хаха, ама за тепање време А ваму лицето ти останува непипнато Туку оти бе вака, леле па денеска тука пердуви летале хаха, добро кога се поклопат циклусите заебано е а недајбоже пмс-от, кој преживее нека раскажува Мислам ок ај да покриеш бубаличка не да смениш личен опис уствари и небитно е ко што кажа некој погоре ако лаже некој себеси се лаже, тоа е.
Dobro, dobro, aj. Bi svadba pomina. Dosta e sea taman se naredile ubavicive edna po druga, dosta e so raspravii.
Јас мислам редно е и во Фемина Инстаграм да почне да се мрчи што некои ставаат светки. Па мислам, кого тие залажуваат дека свинското свети така Едноставно, одредени катчиња и теми се создадени за релаксација и така треба да останат.
Незнaм штo тoлку се фaтивте зa @buba4e89, се гледa декa немa никaкви ефекти нa сликaтa , и секaкo се гледa oгрoмнa рaзликa претхoднo лицетo и беше некaкo сувo, пудрaтa не пoкривaше убaвo и нијaнсите нa тaa loreal infallible се кaтaстрoфa нијaнсите претемни и пoртoкaлoви, јaс истo тaкa јa имaв и знaм кaквa беше пудрaтa. Некoи личнoсти буквaлнo претерувaaт нa фoрумoв ширaт некoјa негaтивнoст немaaт другa рaбoтa и бaрaaт нaчин дa се рaспрaвaaт нa секoјa темa требa мoдерaтoрите дa превземaт нештo, aкo не ти се дoпaѓa прескoкни јa игнoрирaј јa a не секoј пaт дa мрчите oвде. @RainBow избриши ги oвие oф тoпици и aкo сaкaте дa пoстaвите пo некoјa сликa oд шминкa oк ( тие штo мрчaт целo време никoгaш не пoстaвиле свoјa сликa нив дa ги видиме ) aкo не вooпштo не јa oтвaрaјте темaвa и гoтoвo.
@koritsaki да бидеме реални нема ефекти ама има фул од опцијата убаво лице. Што мене не ми смета. Без лутиш и ти се сликаш со предна(кај тебе нема од опцијата,стандард пред.кам) боите се заматени на сенката не се гледаат баш ама навикнати сме. И јас ставам понекогаш на темава слики со предна ама боите не се гледаат па затоа избегнувам. Јас искрејно не ни знам која е лилит. А ја сватив што сака да каже. Буба ставаше едно време слики каде што се, се гледаше па се фатија сите дека имала набори од коректорот,бил пресув. Сега слика со предна кам. сликана. Ајде ја разбирам за пудрата и се погодила. Ама зашо за неа се фати ја незнам. Пошо има многу,многу други.
Обично вака кога има некоја дискусија се доаѓа до некое решение за да продолжи темата. Ама не знам што во случајов може да се направи. Не може да се постави правило да се ставаат слики без ефекти, сигурно нема да се спориме околу секоја слика дали е или не е со ефекти. Единствено останува на форумџиките што ставаат слики да потенцираат дека има некаков ефект на сликата или форумџиките што коментираат да ги игнорираат таквите слики поради тоа што не им се реални. Иако темава беше отворена за разменување на идеи и подобрување на шминкањето, па не гледам која е поентата да се ставаат слики што ја изменуваат шминката. Или да се отвори една тема како вашите нокти, без дискусија, само слики од шминка, па да можете да ги разлепшувате, а оваа да остане за чисти слики.
Да си ми жива и здрава за постов.Од авион се гледа дека е "шминкана" сликава пошто сите ја знаеме шминката а и лицето на Бубаче.Ама темава веќе стана борба за лајкови и пофалби па на било кој начин мора да се дојде до нив.Ама Бубаче заборавила и вратот да го среди па тоа ја уништува сликата,од авион се гледа линијата до каде е ставена пудрата и колку двои нијансата,колку е утната.Ама битно си доби лајкови и пофалби дека лицето и шминката и се многу подобрени,топ,па тераме даље.
Јас сум крајно изненадена од вашите коментари, јас кога ќе дадам критика сум нападната, сега ставам слика пак сум нападната. Сега јас вака ќе ви објаснам, сликата ми е сликана на бело светло од далеку, сликана сум настрана за да ми се долови шминката бидејќи со предна не се гледа ништо. Бидејќи имам овално лице се countoring спрема него, секако дека се става бел коректор ако сте гледале. Членките кои ме нападната никогаш не виделе како се прави контур па зборат лошо. Луѓе се шминкаат пред камери па сакате да кажете дека се фотошопираат видеата? - Апсурд! Некој пиша зашто не сум признала и дека ми двоела пудрата. Прво немам што да признавам, немам ефект ја користам ревлон и ептен ми е погодена, ставам на врат пудра и нормално кога сликаш со блиц и на бело ќе двои вратот останува во позадина. Јас пак ќе кажам никогаш не сум се фотошопирала на слика никаде а најмалку за форум, јас сум таа што сум, има луѓе ме знаат, најмалку на форум да се форсирам за лајкови-глупости. Сепак ви благодарам вашите напади ме мотивираа уште повеќе да ставам слики тука.
^ Немој да се изненадуваш зошто ова е форум и штом постираш слика очекувај секакви коментари,нели неможе сите само да те фалат и да ти се воодушевуваат како што ти си замислила.А за пудрата,доколку нијансата е погодена НЕ ТРЕБА воопшто да двои од вратот а во твојот случај многу двои.А друга работа,од каде си ти толку сигурна дека членките што пишуваа за тебе и те критикуваа не виделе контур???Можеби затоа што виделе па затоа те искритикувале дека ти незнаеш да го правиш правилно.Или прифати критика и подобри се и ставај реални слики за да нема вакви коментари или доколку не си спремна на вакви коментари не постирај и завршена работа. Битно сликата за око не е убава,вештачка е,а шминката е далеку од добра.
Зошто кога ја постирала сликата не сте искоментирале дека била фотошопирана или не знам што, туку сега поради нечиј коментар, одеднаш сите истото сте го мислеле. Секогаш едно исто. И ваквите теми служат за релаксација, а не за мрчење. Кој како сака така нека си става.
Јас не сум спремна, па ова ли се коментари? Разбирам критика ама ова се напади, види каква си, ова ти фали, ова имаш, ова немаш. Очигледно не ме прочита убаво. Темата не е натпревар за убавината, јасно си пишува наназад кој како се шминка да покаже.Не треба да двои точно, па мене не ми двои тука е во позадина поради други причина. Ти мене не ме ни познаваш втор пат ме напаѓаш, па имаш ли осет. Не планирам да ден губам тука да се правдам, си се изјаснив погоре. Ова е последно од мене, колку сакаш реплицирај, напаѓај, мене не ми е вредно некој кој не ме знае ниту ме видел да ми попува, не ми е вредно да му посветам внимание. Првин види ме па коментирај. По добриот коњ секогаш се крева прашина.
Абе не се лутaм , и дa сo преднa кaмерa се сликaм aмa ме иритирa вo секoјa темa мoрa дa се пoјaвaт истите личнoсти дa мрчaт a oд нив ништo пo темиве не сме виделе се пoјaвувaaт сaмo темиве дa ги рaсипaт. Искренo не ме интересирa кoј сo кaквa кaмерa се сликa, или кaкви ефекти кoристи, oвде сум дa пoстирaм нештo oд мене a и дa нaучaм нештo oд други..
Јас не те нападнав,туку кажав што гледам јас а ти како сакаш сфати си го коментарот наменет за тебе.И да,имам осет и сум отворена и реална,не правам лице на никој,а ако нешто не ми се допаѓа неможам да го преќутам па макар и некој да се налути.А темава е за тоа наравена,некој постира,некој коментира и така во круг.Јас не навлагам зошто тебе ти двои пудрата од вратот,не ме ни интересира,ако тебе не ти смета слободно шетај се таква,јас само кажав што мене не ми се допаѓа и секогаш тоа најмногу ми смета,и го приметувам,кога ќе видам како двои пудрата од вратот. А ти си толку негативна,цело време или критикуваш некој без осет или се правдаш кога некој ќе пише нешто за тебе.А на форумов 90% од луѓето не се знаат па се критикуваат или фалат,ама никој не изреагирал вака како тебе.А тука не очекувај сите да те фалат и да те тапкаат по рамо и да ти прават лице иако нешто не им се допаѓа