Омг, зошто волку прашина? Во ред е да се искоментира ама нели мислите дека премногу навлеговте во дискусија. Дајте вие што сте поискусни советувајте не како да сликаме за да се долови тоа што треба да се долови. Мене скоро сите слики ми се со предна камера и еве коментарот на @kim.k дека слика со блиц ми помогна за следен пат да пробам и јас зошто сликите и се совршени. Дај не се однесувајте како деца, туку дајте конструктивни предлози за следните фотографии да бидат по некој заеднички стандарди што би ги поставиле
Mене криво ми е,според мене темава не ни треба да има некакви стандарди. Идете сите на првата страна од кога е отворена и гледајте слики. Али ај, изгледа мора сегаде некој да се буни и да му смета нешто, дури и на една ваква забавна и релаксирачка тема.
Јас и да сакам не можам да се сликам со блиц, посебно од блиску. Може не пишувам во соодветна тема за ова ама стварно ми е проблем, очите рефлексно ми реагираат на блицот (се отварат па се затварат, незнам како да го кажам ова поубаво) и испаѓам како исплашен германец . Јбг
Па како ќе научиш ако не добиеш критика? И како некој реално ќе те критикува кога има тон слики со тон ефекти? За веѓите ти кажавме? Ги подобри. Сакав да ти пишам да почнеш да ги растеш од коренот на носот за да бидат поприродни, ама може ќе се потресеш. Малце намалете со егото, сакам да научам, ама не сакам да научам, ме повредува ако некој ми каже нешто, одма тоа е за лошо. Ок... Па не значи дека ако не пишувам секој ден дека не ја пратам темава. И да, премногу сериозно некои членки тука ја сфатиле па имаат потреба взаемно да се импресионираат до таа мера што сликите се долицкуваат до степен на непрепознатливост. На темава се лажете, не се критикувате, со чест на исклучоци. Бубаше ти не знаеш што е контуринг. Ти прво формата на лицето (овално) си си ја утнала да ја одредиш, а ми збориш за контуринг. Според начинот на кој се инаетиш, не можеш да ме разубедиш дека сликата не е досредувана. Ај здраво.
Еве и од мене слика. Девојки оладете малце, премногу се замарате и губите време на небитни работи. Нема потреба од зајадливи коментари, а ако продолжите вака до бескрај... Темава ми е една од омилените на форумов, баш ми е супер да видам нешто ново нешто што ќе ме инспирира, а и интересно ми е да гледам како одредени членки напредуваат во шминкањето. Затоа ве молам престанете да ја полните со реферати и непотребни коментари, искулирајте и дајте да продолжиме понатака.
Ја имам и јас палетата и задоволна сум .и премногу ми се свиѓа како си нашминкана .. И веѓите ти се многу убави ..
Ооо Божеее стварно досадни сте веќе. Ајде доста беше.. Јас ја отворив темата и првично замислата ми беше да нема воопшто никакви коментари само слики од вашата шминка. Ама бидејќи има конструктивни коментари ајде океј. И готово сега. На ви слика.
Според моето искуство и познавања од таа област, спорната слика е обработувана. Е сега, не е во фото-шоп, бидејќи тој што знае да го користи нема да се приметува, нити има ефекти. Ова е напраено со оние Wrinkle Remover, Shine Remover, Blemish Fixer алатки од страни за едитирање на слики како BeFunky, PicMonkey и сл., бидејќи е преочигледен оној smooth ефект кој што и со најпрофесионална шминка не може да се постигне. Согласно темата која гласи `Вашата шминка низ слики`, а не `Вашите способности за разубавување слики`, треба реални слики да се објавуваат и пропорционално на тоа реални коментари. И не значи ако кажеш нема ефекти си на една страна, кажеш има си на друга, кажувајте ја вистината.
Речиси истата поза е, истото светло, само едната е со апликацијата, другата е без. Шминката ја имам постирано, но овој пат е ради дискусијата. Се познава дека е користено нешто за разубавување на сликата, само не знаев дека може да се подесува јачина.
Едно прашање глупо Нејќам да цртам веѓи денес баш, па да остаам вака или глупо е црвен кармин со "недовршена" шминка И не е заебанција, се замислив и сакам да видам други што мислат. Иначе овде имам ставено од римел ластинг финиш, ваљда така се викаше, и малце ми е по "грубо" лицето. Ме сфаќате ваљда. И од кога се сликнав видов дека кај устата доле коректорот не ми е доблендан, го средив тоа
@kim.k шминката ти е и повеќе од одлична, браво. Само не би било лошо да ставиш слика или да напишеш и кои производи си ги искористила, секако ако не ти е проблем.
Ќе ставам за 5-10 мин. Да сликнам, ќе направам едит на мислењево И фала ви @eloves @Elaria На очите имам само две нијанси на тие точки што им имам ставено, и малце од есенс за блендирање ама истата имам ставени и за контурирање малце кај образите. А белата имам малце ставено како хајлејтер Румениолото е нијанса deep wine. Иначе на устата моливчето е на golden rose број 515, а карминот на mac russian red.
Тебе и природно ти се убаво изразени веѓите (темни, густи) така да и вака мене ми изгледа супер. Инаку се согласувам, можеби би било убаво (ако не ве мрзи!) да наведете и кои шминки ги користите.
@Veki4kaa морам да ти кажам дека си преубава! @kim.k - совршена @marama - ова важи и за тебе Сите сте убавии!
Она кога едно куче ќе почне да лае па сите кучиња лаат со него, епа така е и со нас на форумов. Друго нешто ме занима уствари, како да постирам слика бе? Малце неонка сум за форумов... се уште.