@sakajteme на сликава немам пудра прво ги шминкам очите по навика па коректор па пудра ,а иначе само коректор од catrice имам на сликата.
Не ми се верува што се не изначитав и до каде на некои ви оди паметот. Едно десет пати повторив дека НЕ Е НИКАКВА АПЛИКАЦИЈА, ефект од камерата е и во ниту еден момент не реков дека тоа е само до пудрата. Дали ве мрзи да читате, имате слаба меморија или па примате селектирани информации не знам и искрено ич не ми е гајле. Тоа што ставам слики овде не значи дека имам потреба од ласкање, срциња, немам проблем со самодоверба и не ми треба нечива симпатија. Темава е за забава и инспирација исто како што е и фемина инстаграм, направи сам и слични. Критики прифаќам и се секогаш добредојдени. Тадааааааам... Душегрижници повелете зумирајте, немам апсолутно никаков ефект на сликава. Светам од неонката зошто се потрудив да ви дадам материјал за уште неколку страни. Спојлер
^^ Па тоа го збориме цело време, дека разлика има и е очигледна, ти си кажала дека не е само до пудрата, истото го кажав и јас. Дали е апликација некоја или бјутифејс небитно е, скроз исто ти е дали е едно или друго, ефекти се во прашање кои менуваат нијанси и чистина на лицето иако ако се сеќаваш проба да ме разубедиш дека не е баш така. Постирајте си слики, со или без ефекти, и читајте добро што сака некој да каже за да не се редат страници и страници од млади убави девојки кои ќе бараат комплекси кај нас старите и грдите.
Убаво се шминкаш тоа стои. И нема што да се чувствуваш навредено ама оваа последна слика без ефекти со другава, една од последните, има голема разлика. Не сакам да го тупам, ама едноставно морам да те исправам и тоа само поради твојот коментар за слаба меморија. Наврати се низ постовите од неодамна, имаше коментар од членката дека толку чист и перфектен тен нема видено. И јас бев воодушевена. Ти не го спомна ефектот тогаш. Тоа сакав да речам. И драго ми е што не живеам веќе во заблуда. Па и мојот тен бил убав Ај не ми веднаш коментирајте за негативизмот, јас доживеав откровение.
@Sky-butterfly наврати се меѓу првите мои постови овде, конкретно и одговорив на @Bridget за ефектот, а и после тоа спомнав во неколку наврати. Да не требаше да залепам етикета можда? Сепак мило ми е што повеќе не живееш во заблуда @Bridget не сум пробала да те разубедувам ништо за кожата, моите коментари беа за нијансите и боите. Повели ќе те удостојам и со слика со и без ефект ама под исто светло бидејќи споредбава погоре не е на место. Спојлер
^ Добро, те разбирам, не знам зошто ти мене не ме разбираш. Често ефектите менуваат и нијанси и бои, тоа го знаеме. Крајниот ефект битно не е ист. Како што има разлика и под какво светло и со каква камера се сликаш, па и воопшто да не ставиш ефекти. Не сме тука да кажуваме да не се сликате со ефекти или да застанете сонце да ве мава директно за секоја брчка да ви се гледа. Кажавме што имаме да кажеме, а ти не треба да се чувствуваш нападната во негативна смисла, затоа што не си, прочитај добро и ќе видиш. Поздрав, и продолжи да постираш, сакам да гледам слики од тебе.
Девојки, после толку време не знам што ми текна ја нанесов пудрата со раце. Ефектот го гледате и сами - далеку попритодно изгледа од претходните слики што ги имам објавено иако е истата пудра Seventeen natural velvet.
Не стигнав да редактирам, поентата ми беше да ве прашам со што вие ја нанесувате вашата пудра? Јас ја нанесувам со плосната четка од Blush. Иако вака ми изгледа поприродно лицето, не ми се допаѓа црвенилото кај носот што не ми е покриено на пример...Исто така и за подочњациве барам решение овде неам коректор стаено а сепак имам 2-3 брчки под очите. Ужас, сум остарела
Не ти прави линии четката? Јас имам плосната ама ми прави линии па после ме мрзи да ги коригирам со сунѓерче и затоа не ја користам често. И како ти се чини, повеќе пудра трошиш со неа или иста количина?
Јaс јa кoристaм четкaвa нa Сефoрa бр. 56 зa течнa пудрa и мнoгу сум зaдoвoлнa. Пoрaнo јa кoристев пoртoкaлoвaтa плoснaтa четкa истo нa Сефoрa нo линии мнoгу ми прaвеше
Јас со една четка од Bourjois, исто изгледа како четката што ја користи koritsaki и многу сум задоволна. Ако ти се прават линии веројатно четката не е добра. Некогаш знам и со прсти кога брзам, поприроден ефект добивам ама помала покривност. Сега купив и beauty blender, ама не сум го пробала уште. edit: и јас имам слични линии под очите ама не им се замарам многу, во споредба со врснички со crow feet ова е премија Веројатно и никој друг освен ние сами пред огледало не ги ни приметува.
Јас со сунѓерче или со четката од Сигма F 80 flat kabuki(не ми прави линии), што неодамна ја купив.Ревлонот не знам дали е до мене, но денеска увидов дека ми се допаѓа повеќе со сунѓерче, дека е по лесна воденеста и поубаво ми ја сетира така, а есте лаудер максимум кавер многу повеќе ми се допаѓа со четка, погуста е и посува и некако толку убав финиш дава со четка, тешка пудра е, а прави да изгледа ептен природно.Убаво ми е и со сунѓерче ама ете може е некоја моја лична преференција.BB кремата Organic wear исто ми е дали со четка или сунѓерче, лесна е и така и така ми се допаѓа. Јас не гледам на тие линиите како на брчки и јас ги имам од дете, не знам едноставно таква ми е кожата, мислам дека без потреба се оптеретуваш, не знам колку години имаш ама имаш многу убаво чисто нежно лице, плус и младолика си Единствено на последнава слика мислам дека сјајчето не ти ласка многу, повеќе ми се допаѓаш со кармин.