Сликата не е ставена заради веѓите туку поради шминката на очите..а со белото ми доаѓа окото повише до израз (целата слика да се види мн поубаво изгледа отколку вака).
Имаш многу убави очи и баш се нашминкани соодветно на обликот, ама и мене белото долу не ми се допаѓа. Се слагам со @x.Daisy.x, без него би било многу, многу поубаво. Или кога би го заменила со некоја кафено-бронзена нијанса, подобро би ми изгледало. Инаку, овде коментираме и веѓи. Ама се познава дека тоа е твојот природен облик и нема многу простор за задебелување и приближување кон носот, едноставно такви ти се.
Мене ми си преслатка ,да те шминкам јас би ти ставила црвен молив и црвен кармин за усни ,очите ке ти ставам само туш и клепките нема да ти се кренати цели туку само последните клепки како бадеми ке ти изгледаат и во секој поглед совршени ,да не се кренати како боцки и плус на некои залепени ке ти бидат исто како јас што си правам на мене и веѓите ке ти исцртам спрема тушот остри нагоре ,и ке грмиш тогаш женска Убава си и со белото кај очите ,мене ми се допаѓаш,те молам стави слика со црвен кармин на усните би сакала да те видам како ке ти стое имаш плава коса
Јас пак ќе те цитирам ама очи ми останаа во втората слика. Кажуј бројче на карминот и кој е. Или па од блицот станал таков?
@buba4e89 Не е со блиц, пред прозор сум сликана затоа е така. Карминот е од Isadora Cosmetics e matt 06 Deco Rose
@buba4e89 Не за жал ги нема, баш гледав сличен некој од Голден Роуз ама ни еден не ми беше сличен како овој. Ако најдам нешто слично ќе ти пишам. Ваков е само што мене малку потемно ми стои
Фала ви девојки @buba4e89 , инаку не користам некои скапи шминки, од локална продавница се, во првата слика се користени само мат сенки, кафеава палета, а втората слика е со малце помрсни сенки исто кафеава палета. Штом имам можност ќе ги сликнам палетите