Ти благодарам @rose60 , првпат постирам слики и многу ме израдува твојов коментар. Мојата умешност во шминкање за жал се движи тука некаде како на сликата. Ги сметам моите очи за најефектен дел од лицето, најмногу ми е извежбано нивното нагласување, преку ден вака некако, со комбинации од 2-3 мат или сјајни сенки, моливче/туш и римел, а навечер некоја варијанта на smokey eyes. За среќа имам долги свиткани трепки (не ги виткам со виткач), бледи се природно ама со римел се супер. Е сега, се слепуваат понекогаш Устата скоро и да не знам да си ја нашминкам поинаку, најчесто е вака со сјај или nude кармин. Со моливче дефинитивно не знам да ја цртам, сакам да научам ама тешко оди. Фала на предлогот за шминка, дефинитивно мора да почнам повеќе да експериментирам, за мене црвен кармин е врв на шминкање на устата и се надевам ќе се извежбам. Затоа и темава ми е една од омилените, и ти и другите девојки тука прекрасно се шминкате, редовно ве следам и учам. Обавезно ќе постирам слики и понатаму, да видите како напредувам. Поздравче
Малку поинтезивен Cut crease...само едното око нашминкано колку за слика...немам за каде да се шлакам волку Првата слика е со предна камера и поубаво ги покажува боите какви се реално, втората е со селфи камера и изгледа како да има остар пресек како да не е убаво исенчано тоа темното...
А зошто веѓите ти се сиви? И на претходните слики се гледа исто. Мене ми е ту мач шминкава. Очите ти изгледаат пренашљакани и размачкани со светки и плус темна сенка и се. Од се по нешто изгледа си ставила @One.Moment ми се допаѓаш. Твојот природен изглед со убави црти на лицето, со малку шминка колку да си ја истакнеш убавината. @The.Marilyn не е мој стил, ама убаво си нашминкана, посебно очите.
Еве ја нашата прекрасна @Rose96. Браво девојко! http://fashionel.mk/intervju/francuskata-pletenka-i-strobing-tehnikata-zadolzhitelni-vo-2016
Еве од мене слика, кропната ми е од фб, и пред да ја ставам имав некој си ефект малце со боја од инстаграм. Да напоменам ете. И ми се познава бубулица кај брадата, колку и да е нешто покривно и да ја покрива бојата пак се познава испакнато. Извинете за косата во фаца
@Artemission - преубава си,шминката многу ми се допаѓа и лицето ти е супер Со еден збор изгледаш прекрасно!
Кажувај што имаш на лицево од прво до последно (сенка, молив за веѓи, пудра особено ме интересираат)...не е нормално колку добро изгледаш
Сликава е отприлика од пред една недела, немав ставено слика тогаш тука. Така да моиве информации нема да бидат целосни, не ме држи паметот многу Пудра имав ревлон, а коректор на катрис камуфлаж, а портокаловава ми контура знам дека не е ко што треба, ама на сликава ептен по лошо изгледа од што беше. Имав ставено едно на алведре што е за мешање со пудра тоа темното А за друго стварно не ми текнува, освен на устата што имам ставено од голден роуз мат кармините број 28. И фала
@anakonda88 golden rose мат што се, број 28 Иначе бојата е маалце по ладна од на сликава, според мене. @Artemission те молам ќути, лице ти правев за да ми ставаш кисчиња, да не почнам сега