Син туш за да го разбиеме зимското сивило. http://rosee96.blogspot.mk/2016/01/avon-supershock-gel-eyeliner-review.html
Розе, ако сакаш добар туш ти го препорачувам тој на Nyx со мека четка. Многу е подобар од авон, а за трајноста нема што да се дискутира. Еве мене ич не ми се допаѓа бидејќи како што пиша на блогот не е пигментиран.
@buba4e89 Ќе го пробам и тој, читав по блогови за овој од Авон и баш сите го имаа испофалено и сум разочарана искрено од пигментираноста ама добро што е кремаст и долготраен па му најдов и друга намена. Инаку овие од nyx имаат тиркизен или само син?
Малку офтопк ама ме интересира каква фарба за коса користиш ? Иначе прекрасно си нашминкана посебно тушот ти е супер нанесен
Една конструктивна „критика“ за koritsaki. Сите правиме „грешки“, ама затоа веќе кога се користи шминка, тие „грешки“ може да ги „поправиме“. Вегите ти се малку пократки во пределот кај носот од вообичаено. Претпоставувам дека тоа е заради премногу отстранување на влакната уште од порано и затоа веќе не растат на тој дел. Обиди се да ги исцрташ малку повеќе накај носот, бидејќи вака на пресечени слики не се познава, но на целосни слики изгледа како постојано да си натажена. Се надевам дека ќе го сфатиш ова како конструктивна „критика“ (во наводници зошто не е критика туку повеќе е како совет) и нема да настане понатамошно расправање од 3 страни на истата тема. Сакав да го постирам во порака бидејќи за овде се мислев заради расправиите со фотошоп, филтери и што уште не. На крај, го постирам овде за и другите да имаат во предвид и да внимаваат кога ги чупаат веѓите, зошто никој не е експрет при први експериментирања, а потоа тие експерименти можат многу да не чинат. P.S. Знам дека темата е наменета за постирање на слики без да се коментира, но ова е само совет кој ако не сака, не мора да се земе во предвид. И навистина не знам што е толку тешко културно да напишете совет или критика без да навредувате и културно да прифатите совет кој и не мора да го примените...воедно тој совет да не се состои од стил (зошто ако ти преферираш нежна шминка, јас преферирам интензивна и сега бидејќи тебе не ти се допаѓа, јас морам да менувам цел стил? Big No). Би требало до сега да сфатите и да се навикнете дека секој не ја преферира истата шминка како вас. P.P.S. Се чувствував како на јајца да газам за да не напишам нешто од што ќе настане расправија низ 5 страни заради тоа што некој погрешно ме сфатил
Нема зашто да се осеќаш ко на јајца да газиш Зашто да не се даде совет, океј е тоа, работата беше што некои забегаа. Твоето си е на место @OmniaVanitas
@OmniaVanitas Не се лутaм и не гo свaќaм твoјoт кoментaр кaкo нештo лoшo. тoчнo е декa ги имaм исчупaнo тaму веѓите пoвеќе oд штo требa ми беa ептен густи и сегa пa тешкo рaстaт. Ќе се oбидaм дa ги исцртувaм пoнaпред иaкo некaкo вештaчкo ми изгледa