Веќе одамна имам кажано во темава дека не сум експерт за шминкање, но сакав да ги пофалам @kim.k и @The.Marilyn. Девојки совршенство сте . Вашето лице има убав облик, начините т.е техниките кои ги користите за шминкање се прекрасни за сечие око. Секоја чест девојки
Преубава си,а и шминката ти е совршена Ќе може да ми кажеш кој кармин и руменило ги имаш искористено?
Ми се допаѓа многу шминкава и бојата на карминот е преубава плус супер ти прилега. Дефинитивно има голема промена во техниката на шминкањето од почетокот до сега. Единствено ќе ти препорачам да ги кратиш односно прилагодуваш должината на трепките соодветно со капаците бидејќи овие ми се чинат дека се преголеми и двојат на крајот. Имаш поситни очи, а најголем дел од трепките се големи и треба да се модифицираат за убаво да легнат на окото и да изгледаат поприродно.
Потполно се согласувам со тебе за трепките, ми беа големи. Дека ги купив тие на D'eyeko или како и да е, очекував полесно да се нанесат. Инаку, воопшто обичните пазарски имам навика да ги кратам на пола и да ставам на пола око, само на крајот да бидат погусти. Ти благодарам за останатите комплименти.
Двете шминки се прилично слични, на втората немам сенки на очите само. Пудрата е на Alverde во стакло што е, а карминот е од новите на Авон што се мат, нијанса mocha . Маскара немам никаде ставено, пошто ми солзат очите од двете дома што ги имам, треба нова да земам. Оваа цела недела ги убив очите од цртање, ме фана мерак да полетам со крилјата.
Знам дека имаш талент се гледа тоа и на претходните слики, ама мислам дека непотребна е линијата на внатрешниот агол од окото.
Коритсаки и јас го имав истиот проблем.Веѓите ми ги среди една ... ќе се воздржам И напред буквално немав влакненце оставено, пошто дотичната изгледа додека ме депилираше меѓу веѓите ми ја поткачи едната па реши и другата да ја докрајчи да бидат исти.Немилиов настан беше пред 3 години некаде.Да напоменам дека така исчупани веѓи бараат многу време за исцртување, посебно додека да се навикнеш.Значи не се исцртуваат како остатокот од веѓата туку влакненце по влакненце со тенка четка имитирајќи ја природната насока на раст на веѓите.Или поедноставно и побрзо со малку продукт на четчето исто во природна насока на расотот на влакненцата.Не знам каква структура има тоа што го користиш сега, јас тогаш користев мат сенка, а сега ова на ABH, камо да го имав тогаш, со оглед на тоа што сенката е попрашлива и полесно се брише, ова не мрда. Да напоменам дека од тој настан уште на едната веѓа имам како дупче напред одоздола ама не е страшно.Мислам по се што поминаа моите веѓи разбирливо е.Ама супер се пополнува со ова што го коритам и ич не се познава дека немам влакненца.