@annii Ти благодарам, имам од новите кармини од Me Now kissproof lipstick број17 утре ќе објавам детален пост на блогот за карминиве. Инаку се купени по 1 долар на ebay а мислам дека ги имаше и на алиекспрес. Овде на сликава имам од моливчето плус крем коректор на средината од усните за да го осветлам малце.
@Rose96 шминката ти е беспрекорна , а ти прекрасна како и секогаш.Какви очи, тен...ма секој коментар е сувишен. Инаку кој е црвениот кармин? Ептен ми се свиѓа нијансата.
Ај ако сакаш дај ми линк од карминот од ebay што си го порачала, барав ама се' поскапи ми излегуваат.. Многу убава нијанса е и патем многу добро ти стојат потемните нијанси на сенки.
Зошто никогаш не правиш „опашки“ со тушот? Имаш крупни очи, пробај да извлечеш туш и засенчај со темна боја на преклопот кај окото за да му дадеш длабочина мислам дека многу убаво ќе ти стои
Зашто имам спуштени капаци и затоа не го продолжувам тушот ми се добива ваков ефект кога ќе го отворам окото (како на сликата лево)
Мене твоите очи секогаш ми се свиѓаат како се нашминкани, веѓите тук таму, кармин усовршисе како се става и совршена ќе бидеш
Во врска со кармините поготово течниве ептен се размачкувам кога ги нанесувам , бев да гледам четкичка на Есенс не ми се допадна многу е голема ко за на усни , па ќе побарам некоја друга , ќе пробам така , исто и за мат кармините (тие посувите) фала ти инаку
@oblace1 многу ти благодарам, карминот е на Mac Ruby Woo и да навистина прекраса е нијансата и стои преубаво и на потемен и на посветол тен. @koritsaki Девојкава на видеово многу добро објаснува како да нанесеш туш на спуштени капаци. И јас имам спуштени капаци со помош на шмикна не ми се познава толку.
Види ја таа на Алверде, ја имам тенка е некако и со неа убаво се нанесува Инаку до техниката е не толку до четката Инаки и мене не ми оди баш ставањето на кармин затоа течните скроз ги избегнувам
@emkaemka да , може и до тоа е , ајде со почесто нанесување ќе се навикнам @Rose96 фала ти Розе ќе пробам баш утре
Ајде де не се устручавај толку ние сме малку ципидлаки Инаку баш сега ти ја погледанав поубаво последнава слика па супер ти е ставен карминот што мрчам јас си се поправила, браво А за очите пробај и со шпиц на крај, но мене и вака си ми убава но за промена ете научи и така
Јас имам како тебе спуштени капаци секогаш правам опашка на тушот и искрено баш како на оваа слика лево сум,друг начин не сум ни пробала сега ќе го гледам видеото што го ставила Розе баш ме заинтресира.
Многу ми се допаѓа комбинацијата на бои, прекрасно ти стои Што кармин имаш ставено овдека?И мене ме интересира линкот од каде си ги набавила оние Ме now