@kim.k тоа е radiant matte lasting 02 . Многу е убав, траен и не jа суши устата. Башка преубаво мириса, како на малина Само не е толку блед како на сликата, по на розе е. Еве...
Прв пат пробувам со сино да се нашминкам. Ставив бледо розе кармин. Едит- веројатно со вештачки трепки би стоело подобро, но немав трпение да ставам.
WOW човече колку си убава... Јас никако да научам да се шминкам, идиот сум за шминкање, ќе налупам превише руж, очите све ќе ми се размачка, ужас сум, ако се изгребам некоја другарка да ме нашминка ок, ако не, само римел и сјајче во боја на усните и толку.
Дечки пред да ми кажете, знам дека сликата не ми е добра. Ама постојано ја следам темата, лајкнувам, па пусти мерак и јас да поставам нешто. Во последно време ептен ретко се шминкам, за разлика од порано и баш ко шминката ми е добра или заборавам да сликам или сликам ама никако да извадам квалитетни фотографии и губам волја. Инаку сликата е од денес имам ставено маскара супер шок од авон, одоздола внатре во окото бело моливче, а надвор малку бела светкава сенка, веѓите ги пополнував со кафеава сенка, a тушот (за кој патем знам дека не е добро нанесен ама се праксирам, работам на подобрувања) е од голден роуз, со тврда четкичка. Пудрата ми е лукс, имам ставено и два коректора ги мешам зошто едниот ми е претемен (од колортренд, медиум нијансата) па да го искористам некако и обична камена пудра.
Девојки, знам дека е офф топик ама оваа тема ми е најомилена и знам дека тука сте сите мејк ап фанатици па сакам да ви кажам дека направив блоооог, еве ја мојата прва објава https://frosyblog.wordpress.com/2016/03/18/supracolor-by-kryo-professional-makeup-review/ па...ми знаи вашето мислење