Ова ми е шминката за матура, воопшто не се познава бидејќи капакот од окото ми се преклопува не знам како точно да објаснам и како и да се нашминкам, не доаѓа многу до израз сенката Спојлер Овде сум нашминкана за излагање, и многу поистакнати ми се очите за разлика од првата слика, па затоа најчесто користам моливче само на горниот дел од окото. Спојлер Најчесто кога носам плаво, розевкасто, виолетово, тиркизно, ставам малку сенка во таа нијанса на крајот на очите, не можам да најдам слика, ама нешто слично на ова само над црното друга боја. Некој совет како да нанесувам сенка убаво на моиве преклопени очиња, или џабе?
Ајде неколку и од мене Инаку, се бавам полупрофесионално со шминка , па затоа сликиве ми се вака скоцкани и баш ми се погоди темава. Се надевам ви се допаднаа
Дарлинг ми се допаѓа 4тата слика и јас така се шминкам Ливинг користи го овој арабик изглед преубаво ти стои И јас за Трендафилка ќе ги искоментирам веѓите,немој да се навредиш ама и јас би ти советувала да ги пуштиш,не изгледаат убава толку раздалечени од напред,а имаш убав облик на очи и убаво се шминкаш Марамче супер си и јас мислам нежна шминка поубаво ти стои
Wow darlingB супер се сите слики...Баш ми се допаѓаат неколку понеобични шминки...Браво свака част...
Во темава се ставаат само ваши лични слики. Не симнати од нет. Доколку приметите дека некоја девојка има ставено слики кои не се нејзини, напишете порака до модераторот, или доволно е еден да искоментира, да праша, можеби и сте грешка. А не целата тема да отиде оф топик за една членка. Значи навистина ве замолувам во иднина да напишете лп, па потоа ќе средиме
Ете...баш и затоа под сликиве напишав дека всушност се занимавам со шминка, за да ги избегнам ваквите коментари и пак ке повторам дека сликите се лично мои.
Дарлинг, ако очите сама ги нашминка (и плус уредувањето на сликата ок) тогаш стварно немам зборови.. можеш комонтно шминкерка да станеш, те бива
Darling, не знам дали сакаш, но според сликите што си ги оставила т.е фејзбук линковите, секој може да го најде твојот профил. Најубаво би било сликите директно да ги прикачувате од вашиот компјутер. Инаку одлична шминка, и на Ливинг ми се допадна премногу.
Ајјј си изнагледав преубави очиња Изгледа девојките со најубави очи се збрале на форумов. Прекраснотии Me love it, all
ДарлингБ, јас се пријавувам да експериментираш врз моите очиња! Прекрасна шминка, секоја чест. Јас ископав неколку, не знам колку се гледа, а и не се шминкам нешто посебно, или ставам само една линија со туш или малку ги зацрнувам очите. Досадно ми беше па пробав да го направам окото на Хорус, нормално не излегов така нашминкана. Не можев да најдам во боја, ама отприлика вака си ги зацрнувам очите за излегување.
Не знам баш дали најдобро се гледа, и дека се сечени сликите квалитетот е никаков, ама изгледот на окото мислам дека е доловен на секоја слика. Воглавно се шминкам со земјени нијанси, кафеавкасто и такви комбинации, или смуки ајс, или на лилаво розева комбинација. Црн туш и црна сенка сегде имам вметнато ама немам баш некои поасолни слики. Епа това би било това.
Сестра ми ме шминкаше, јас врска немам од шминкање само туш знам да си ставам и тоа малку Денес се средив тип топ и досаѓам по темиве, само лепам слики