@Chica.Loca кај што завршува тушот не ставај под него сенка. Иналу предобро ти е нанесена. Имаш убави очи. @girl2 Мн си убава
Мене тушот ми изгледа супер , боите се убави и добро комбинирани . Мала забелешка имам , боите не ти се изблендирани една со друга поработи на таа техника .
Боите се слични, голден е понежен,а слеек е појак. Целта ми беше горе појако, со понежна варијанта односно nude,за да ми ги подоотвори очите. Ако сакав нежно ќе ги изблендав и немаше ништо да се познава. Фала на забелешката од твоја страна. Поздрав.
Супер си нашминкана, баш убаво ги истакнуваш очите Забележав само дека имаш вертикални линиички на челото, веројатно од гримаси или подмижување. Ќе ти препорачам пред пудрата да ја ставиш подлогава од Garnier, буквално моментално брише линии и проширени пори Спојлер
Супер за забелешката и советот, баш ке пробам. затоа што навистина незнам како да се справам со линиите на челото ( facial expressions) . Досега имам пробано еден куп креми подлоги и скапи и ефтени , некои подобри некои не. Може само да ми кажеш точно која подлога од Garnier ?
Не дека се гледа многу убаво, на неонско светло е сликано а тоа избледува сѐ, плус и онака сенките не се ич пигментирани, ама нема врска, и онака само експериментирање беше ова, од досада. П.С.: не обрнувајте внимание на косата, само е собрана. П.П.С.: на двете очи имам подеднакво светки, не знам зашто на едното само една се гледа.