Природно ми се големи, дури што понекогаш ми пречат што ми се многу големи А за маскара ја користам онаа The One лилјаковата од Орифлејм.
Само катастрофа ми е ставен карминот,течен кармин ми е тешко да ставам иначе карминот е на голден роуз од тие течните мат 10ка
Имаш кафеави очи и според мене би требало да избегнуваш волку темни сенки, зошто очите од далеку изгледаат далеку поситни и како уморни. Користи посветли бои. И јас имам очи кафеави како твоите и користам претежно бела, кремаста сенка тоест посветли бои и така очите делуваатмногу поубаво. Исто така и тушот линијата како да не ти е довршена до крај, требало да ја продолжиш уште малку. И нема лутење, ова е само мое мислење.
Ти благодарам на забелешката. Не се лутам, го прифаќам секое мислење. У врска со тушот секогаш го издолжувам, и овој пат сакав да направам некаква разлика, односно да го скратам.
Не се согласувам дека на кафени очи не одговараат темни бои. Ако правилно се нанесат сенките одлично изгледаат боите на било која боја на очи.
А па бела сенка... ноу ноу. Супер стојат темни сенки на темни очи, даваат уште длабочина. Само на сликата погоре не се добро изблендани.
Потполно се согласувам со @marama на пример кога @lovely97 би ставила светла сенка, а накај надворешниот крај црна сенка и кога тие убаво би се изблендале ќе се долови убав ефект и ќе се зголемат очињата. Ако имаш мали очи, овдека на сликата не можам да доловам, тушот не би требало да се издолжува, да и јас го издолжувам но поубаво изгледам без туш.
На скрос црни очи каква боја на сенки одговараат? Бидејќи ми се мали и закосени очите обично ставам туш само,ама сакам да сменам...
Помага и бело моливче во внатрешниот дел на окото за визуелно зголемување. Иначе мислам smokey eyes ги зголемува.
Не е до бојата на очи, туку до техника на шминкање е. Совет од мене зошто имаме слични очи- многу се оштри и видливи линиите како што е нанесувана сенката, многу слабо си ја блендала, ако не и воопшто. Имаш (полу) спуштени капаци па избегавај седеф сенки, особено на горниот дел (капакот), користи претежно мат сенки, а седеф на долниот.
@Minnie 1 мислам дека маскарата доколку е понежно нанесена (еден слој помалку да речеме), шминката би била далеку подобра отколку сега. Разбирам јас дека ние жените сакаме да ги истакнеме трепките, ама сепак по мене тој ''пајажинест'' изглед на трепки треба да се избегнува, делува пренатрупано.
Da bas toa e moj nacin na sminkanje,da si gi istaknam ocite t.e. trepkite. Sekogas stavam poveke sloevi maskara