Знам дека не е прашањево за тука ама најголема посетеност има па.. https://www.facebook.com/best.muas/videos/2163726363851893/ Вакво моливче, ајлајнер што ли и да е дали има кај нас??
Според мене ми изгледа како гел туш кој се размачкува со четка за сенка поточно се бленда. Со секој убав гел туш можеш да го постигнеш овој ефект, јас со Никс гел тушот имам пробано и да ти кажам едвај се извади потоа.
Веѓите се тие, не растат ниту се гуснат. Трепкиве ми се потфатиле со долните малце руж нема на слика, ретко ставам мислам не ми стои или не знам да нанесувам Кармин, маскара и пудра, и туш за посебни прилики, во тоа ми се состои шминкањето. Купив некоја палета мала да вежбам сенки, па ќе покажам кога ќе пробам.
Јас незнам штосе фативте за веѓите на девојчето, мене баш ми се ок. И не е во ред да се коментира така среди си како демек несредени ти се, а ти си го извлекла максимумот од нив, бидејќи сите си знаеме што проблеми имаме со нив и какви МОРА да ни бидат а не какви сакаме да ни бидат. Едноставно некогаш немаш опција какви ти ги дала мајка природа такви ќе си ги носиш.
@buba4e89 Јас вака да улетам. Мислам дека многу поубаво би изгледала ако се насмееш на сликите. На следната насмеј се, поубаво ти стои.
Кој не е подготвен за пофалби и критики, нека не објавува слики. Коментарот не беше како што гледам за "природата" на веѓите, туку затоа што и се лошо оцртани и со погрешна боја.
И ја вака како Лелка да улетам, само сакам да и кажам на Сани дека е права љепотица! @s1a1n1d1r1a1 Карминот ми е и така и така, но многу ми се допаѓа како ги истакнуваш очите, особено користејќи бои како сината, ептен кул и егозтик!
Фала ти Самер! Некогаш ми е досадно од земјени тонови и еднолична шминка и вака сакам по нешто да додадам да биде посвежо!
@s1a1n1d1r1a1 прекрасно ,ме интересира карминот каков е,која нијанса и плавото на очите.Ти благодарам однапред .
Многу убави очи имаш, само подобро би изгледало да не беа вака слепени трепките, пробај да ги раздвоиш пред да се засуши маскарата. Можеби и маскарата не чини, не знам
@LollySky Ти благодарам, но не се слепени воопшто,баш се разделени и расчешлани една по една Може на сликата така ти се видело,но го немам тој"пајажинест"изглед