Ти не си искрена, да беше искрена ќе разбереше дека не секој сака да има замачкани веѓи и дека не секој има право да суди за туѓиот изглед.Штета убав контра напад.Само во иднина биди искрена за себе си кажи си во огледало "леле колку лошо изгледам" повеќе помага. Ама пошто тебе не ти е добра, не знам дали и другите мислат така.Јас се поправам секогаш,жал ми е што си полна со злоба внатрешно се познава по рефератите и по тоа дека не демнеш со коритсаки. Штета,многу кажува тоа дека не сакаш да ставиш слика од твоја шминка што значи дека не знаеш да се шминкаш а судиш на други. Ама ќе ми водиш политика сите да сме изгледале совршено во спротивно шминката не ни е добра.Апсурд!
Многу сакам да се шминкам, со тушот и немам проблеми, ма со ништо немам проблем. Шминкана 24/7. Као ќе се шминкам, ќе ви давам слики, хајлајтери ОБОЖАВААААААААААМ... И многу, многу ставам... Сликава од шминкиве ми е постара чинам од месец дена, така што сега имам многу нови кармини - моливи, е тие поскупо малку ги платив, повеќето шминки ми се од ибеј, имам многу ама во други куферчиња ми се, тие не се сликани, имам хајлајтери, палети, четки, али овие си ги користам така повише. Имам коректори од макс фактор, пудри. Пудрите не се на сликава, имам и доста шминки шо не чинат, шо ги платив и доста евтино.
И јас редовно ве пратам и морам да кажам дека buba4e стварно не прифаќа критика или ајде да не се навреди многу ретко прифаќа, на секоја забелешка ти имаш одговор дека така ти бил планот на целиот изглед,но имам забележано дека малку си поправена од порано. Значи никој не сака замачкани веѓи но доколку се ретки се дополнуваат. И тоа е тоа кратко и јасно. Еве слики од мене , чекам критика !
@zara* имаш право не прифаќам критика, воопшто не сум поправена ама секогаш кога ќе напишам мислење со кое не се согласувам рипате врз мене со секакви работи и зборови, секогаш мене ме напаѓате. И еве сега ќе ти кажам дека вештачки ти изгледаат веѓите, кратко и јасно и ти ќе рипнеш врз мене. Благодарам на вашите убави зборови.Потполно си во право.
Ич.Можев да ве навредам и да речам не сте убави. Ама не, и јас сум женско па имам осет. Жално многу жално. Секој се шминка по замисла, но тоа не значи дека не прифаќа критика. Понатака не гледам дека дискусијата вродува плод па ќе се повлечам, навистина не можам да водам дискусија со луѓе кои не се реални логично е што не размислувате и од др.аспекти.Жал ми е што постојат луѓе што судат и сметаат дека совршеноста е клуч за се. Јас и сите други сме си совршени за самите себе си, никогаш за другите.
Spored nacinov na koj diskutiras i se inaetis, ocligledno ne sfakash shto sakame da ti kazeme. Vo pravo si, podobro e da se povleces.
Секако дека ќе се повлечам кога другите сакаат да ми го наметнат своето мислење кое вели дека е полесно да му се суди на другиот пред да се погледне себе си.Биди ми поздравена.
Фалаа, сенките се од палетата morphe . Ептен ми се свиѓаат посебно таа како портокалова што е. Тенкс ,Тушот на 1 слика е со салотејп , да. @Be-yO-nCe @ZAHRA Фалаа ви девојкиии
Криво ми е што не можам убаво да ги доловам боите како што се во живо. Пробав со 3различни телефони и блицот ги прави ептен бели сликите. А цело време се шминкам навечер така да ништо од дневната светлина. И еве недела дена ветувам дека нема да ставам слики, станав досадна.
@Irreplaceablee А јас станав досадна со препрашување Те молам ако сакаш ставај слика и од тоа што користиш оти секогаш си прекрасна и секогаш ме интересира што си ставала, а срам ми е да препрашувам
Ретко кој знае како да се однесува кога ќе му биде упатена критика. Тоа го може само @koritsaki Кога и да добие некоја негативна критика толку културно и фино ја прифаќа, без никаква негативност во незините постови. Браво @koritsaki
Точно, а и не само тоа што прифаќа критика, туку и применува. А тоа дали линијата на тушот некогаш е подолга, пократка, прекршена или каква и да е...на крај и не е толку битно, факт е дека секоја си има различна спретност и не може, а и не треба да се очекува извајана шминка - сепак сме колку толку аматери.
@buba4e89 јас навистина не знам како некој може да даде пари (пола Скопје како што кажа ти) за таква шминка. Ако така ги шминкаш и девојките кои доаѓаат кај тебе, баш ми е жал за нив. Можам само да кажам дека шминкаш како аматер. Не е ниту навреда, ниту злоба, едноставно тоа го гледа моето око. Секако де, кога ќе го ставам тушот на целото око и ќе се погледнам во огледало искрена сум си и велам: Леле како панда со во очите, бриши веднаш. И така и бива - маскара и ете сум, не носам на себе неуспешни обиди за блендирање, кога немам хват. Тушот го ставам совршено и тоа е тоа. Тука и ќе престанам да те коментирам, бидејќи капацитетот не ти дозволува да разбереш што ни е поентата, и мене, и на останатите девојки. @zara* совршено. Едно големо браво од мене. Веѓа поплнета - супер; сенки од нијанси до блендање - одлично; туш - перфектно.
Не е можно дека секоја тема се состои од кавга. Девојки ако не сте спремни за критика многу е едноставно не ставајте слики, ако веќе сте решиле да ставате слики бидете спремни и за критика нема секој да ве тапша по рамо. Затоа што доаѓа до ваква ситуација, затоа и не ми се коментира во темите каде што треба да се даде критика сите те сфаќаат погрешно. Искрено јас сама во огледало кога се гледам и кога не ми се средени веѓите, шминката воопшто не ми доаѓа до израз.