Исто! За џабе се испорадував, иии ништо... @JollyGirl мор, тука и други постираат такви слики кајшто се шминкани од друг Важно да те видиме Кукле, ако треба нешо петиции да ја ѕирнеме Џолана, викајте ме
@Someonespecial @Kukla994 Се уште не сум спремна за да преминеме на следната стапка од нашата врска со Фемина. Сепак прв пат ми е и не сакам да избрзувам...сакам да биде совршено и посебно Не сум сигурна дали Фемина е вистинската особа што го заслужила моето лице и тело.
На секоја слика се различни боите, у живо нешто 10то. Дупкава на почетокот на веѓата ја приметив сега. Ниту сум се чупала, ни ништо слично. Се појави од нигде никаде.
Irreplaceablee прикачи фајл во темата Вашата шминка низ слики. Можно е да има уште мислења по ова. Пред неколку секунди Е, и оваа нотификација ја засакав доста
@Irreplaceablee Леле бе луѓе, како се шминкате вака? Ама озбилно? Сами од себе имате талент, сте гледале туторијали на Јутуб па сте си ја усовршиле техниката толку или? Јас мислам дека четчето не знам како да го држам за нанесување на сенка, не па нешто друго Нијансирање, блендање, која боја посветла/потемна каде оди, тоа за мене е буквално научна фантастика. Како бре да се научам и јас бар за некоја beginner eyeshadow, да личам на нешто и тој еден пат во годината кога ќе се нашминкам. Ај, на страна филозофирање, прекрасна си, боите многу се убави, интензивни и пигментирани, што е уште поважно, тебе одлично ти стојат, а дупката на веѓата не ја ни приметив пред ти да ја спомнеш, убави веѓи имаш.
@Irreplaceablee омилена ми си. Инспирација огромна,алал да ти е!Запиши ме во списочето таму,не мора да отвориш салон,вака можам да дојдам Уште еднаш преубаво
@Irreplaceablee девојко, браво! Инспирација си ми, гледам тука што постираш, па потоа се шминкам така за искачање, искрено! Како ти е се склопено прецизно, мхммм... Штета што кога и да се нашминкам, заборавам да се сликам, за потоа да постирам тука, ама сега ќе гледам што почесто. Постирај по често, за пак да имам инспирација за викендот.
Секогаш на слика се појавуваат сите недостатоци, дури и оние што пред огледало и со микроскоп да ги бараш нема да ги најдиш. Тука се сликаме со "глупава камера" затоа и така се сликте, во живо верувам дека многу е поразлично и поубаво, ама па некогаш и тоа е поентата цел ден убаво да се чувствуваш, а не само за една слика. Па затоа има фотошоп.... Инаку супер е шминката.
Научив сама, уште пред да знам дека на јт има видеа, гледав слики по списанија и експериментирав. После тоа јт го направи своето и ме научи на секоја можна техника. Фала ти многу. Леле бе девојки многу ме радувате со коментариве, се смеам ко ненормална. Фала ти мнгууууууу. Епа еве од сега имаш задача да сликаш, ептен ми е мерак кога гледам дека некој се инспирира од мојата шминка. Така е, ептен се нервирам кога не изгледа исто на слика и во живо а тоа се дешава во 99% од случаевите. Фалаа ти.
Спојлер Алал да ти е, и за ова и за претходните слики. Имам само една маала замера, и тоа за веѓите, би ти препорачала уште малку да ги истенчиш кај „опашките“. Колку да ги исчистиш тие неколку влакна кои забегуваат. И јас лично на оваа шминка горе под веѓата би ставила мат сенка, а не со светки. Ти завидувам на техниката, сериозно.
@senza.parole и @Artemission фалевте во темава @senza.parole што кармин имаш користено? @Irreplaceablee право освежување си во темава. Имаш доста добри идеји за комбинирање на нијанси. Ај да учествувам и јас, ме немало оддамна. Малку потечена труднички
Розеви на ингрид и кафеавите на меис. Благодараммм. Покушавам да ги пуштам веѓите ама некако гледам дека е неуспешна мисија. Кога ми беше потемна косата ми беа многу повише исцртани, сеа пошто сум плава избегавам, а пуста желба за дебели веѓи. Фалааа тии. Ставај почесто слики, ми се свиѓа шминката мнгогу и + ептен си лепотица.
Останав без зборови. Безвременска, класична, убавина и преубава шминка...Црвениот кармин е прекрасен. Темава е релаксација за очи. Штета што не сум доволно вешта со камерата за да ве дружам, но редовно ве следам и учам по некој трик.