Одамна се токмам да искоментирам овде. Прво за кармините вчера истото си го помислив. И јас користев мат кармини ама повеќе не. Не се за во зима никако, се собираат на устата, ми пука од нив зошто многу ја сушат и кога ќе нанесам се гледа секоја непавилност на нив и секое испукување. Заменете ги со некои не мора течни и светкави ама нека не се мат, си има кој продукт за кога е. И многу грдо изгледа ненегувана уста. Има девојки кои што преубаво се шминкаат овде ама повторно нели прашање на вкус е. Мене @Rose96 и девојчето Сандра не можам да ја тагирам најмногу ми се допаѓаат. Затоа што немаат два прста прецртано преку усната и немаат изглед ко бугарска певаљка од планета тв. Многу сакам девојка ем нашминкана ем лицето свежо да изгледа. Многу шминки што ги гледам овде перфектно се нашминкани ама ги прави да изгледаат како да се постари 10 години. И шминка со глитери, светки за преку ден не. Инаку и гледам многу често хајлајтери кои што не ги блендате убаво со брозерот па ви дели од лицето. Не критикувам, само нешто е по мој вкус а нешто не. Многу сакам средени девојки ама кога некој има премногу продукти на себе нанесено не знам некако ми делува да не кажам нечисто, не е вистинскиот збор дефинитивно, ама еве спорред мене дефинитивно less is more.
Се согласувам со вас женски. Еве и јас со тие мат кармини ги пресушив усните, ми се лупат никакви ми станаа ,што од времево ладно што од кармините сега веќе користам други , овие денови земав на Алверде и баш денес пробав еден од нив многу се убави , трајни , хидратантни.
Во летните пероди користам мат али за сега и јас ги избегнувам...и неможам да живеам без хидратантен балсам од ментол
Без потреба се полнат темиве со глупости. Една ќе пише коментар вреден за критика или за мотив и сите да се приклучат. Едно време како некои не можеле да прифатат критика, потоа како тема на денот беа дали веѓите се круна на лицето или не, па сега и со мат карминиве. Сите сакале да кажат ама не кажале, а зошто? Зошто никој не го скршил мразот. Нема потреба, опуштете се малку.
Лош квалитет, сликано е со предна Имам и сребрена сенка ама за жал не се познава многу. И да, сликав пред да ставам маскара ...
Окото преубаво нашминкано али некако пудрата ти дели бааги.Може да е и до светлината,ако е така се извинувам.Исто така изгледа како да ти е светнато лицето not in a good way,доколку е стратешки нанесуван хајлајт требало да го изоставиш делот до образот,пред носот и брадата бидеќи вака делува како да е мрсно.
Имам нови сенки, светкави се и баш празнични. Ја користам црвенишкавата највеќе многу ми се допаѓа. Мејбилајн палета, комплет со римел беа, ептен сум задоволна и од двете продукти. На устата имам КејтМос мат карминче. Пудра Боржуа хелти микс, пудра во прав Минхетан и тоа. Ако некого го интересира подетално ќе сликнам некој продукт. Инаку квалитетот на сликата не е нешто многу добар ама мислам дека се гледа.
Пудрата ми дели да, али не до тоолку како на сликава А лицето ми е премногу мрсно, па ми светнува во рок од 5мин, откако ќе нанесам пудра... имам природен хајлајтер Фала ти на мислењето.
@1209 Wow преубава си. Имаш правилни црти не ти ни треба многу шминка. И црвен кармин е секогаш добра идеја. Ми се допаѓа вака, не делува нападно воопшто. @VivienLeigh Единствена замерка ми е што лицето навистина многу ти свети, ама од друга страна тоа навистина не е во твои раце, таква кожа имаш. Тушот перфектен.
На вакви убави очи потенкивеги подобу би стоеле. Шминката ти е убава ама вегите не ми се допаѓаат. Ставај лабело пред да нанесеш мат кармин. Бр. 2 мат на голден роуз преубава боја има мене ми е совршен.