Фала ти. Веѓите ми се во фаза на растење, изгледаат како замачкани на слика затоа што не ги цртам превише, ама во живо изгледаат многу по убаво. И ај ако сакаш слика од карминот, се решив да правам пауза од течниве мат, редно време е. Земав од орифлејм некој месо боја мат кармин ама ниту има м од месо боја ниту м од мат. 500слоја треба да ставиш за да пушти боја. Катастрофа.
Луѓе, ја само да ви кажам дека сега изгледав на Јутуб туторијал за нанесување шминка за ПОЧЕТНИЦИ, не знам која е точната дефиниција за почетник, ама како се викаат тие што немаат фатено четка за сенки во рака? Нема врска, направив се како што викаше туторијалот, и или мене сенките не ми чинат, не се доволно пигментирани, или се ПРЕсветкави, ама едното око ми е модро ко да ме тепал некој, а другото ми свети ко новогодишна елка, ко посипано со светки е. На тоа окото што ми е модро нели треба на крај на окото најтемна нијанса да се стави, и ја стаив некоја темно циги плава, па се обидов да ја изблендам нели.. и сега цело око ми е ко да ми акнал некој бокс. Ај можда е до четките, не сум употребувала такви blending brushes...
Четките се најбитни. Ако немаш ниту една за блендање пробај со прст, би требало да успееш. И земи некој неутрални нијанси, кај си почнала со плава.
@Irreplaceablee работата е што речиси сите нијанси се толку неутрални, што не се ни приметуваат на око. И плус, пресветкави се за мој вкус, изгледа треба да си земам мат. Што знам, сакав да дојде нешто до израз, пошто другово ништо не се познаваше... Инаку пробав, и не сака пак, не е шминкање за мене, ќе си продолжам јас вака со bare face.
Шминка со производи на Алверде. За подлога ја имам ставено кремата на Гамарде. Ќе напишам 2-3 збора за производиве. Нијансата на пудрата мн ми се погоди но не е многу трајна на масна кожа стои до 4 часа поѕоа лицето засветува (зборувам за течната пудра и во прав над неа) за дневна шминка таман е. Базата за сенка не држи многу за 2 часа избива маснотија на капаците. Тушот за очи не е воопшто пигментиран и не се суши плус се копира на капаците. @buba4e89 баш ме праша. Сенките за очи се многу добри пигментирани и боите ми се допаѓаат ептен. Руменилото е одлично и трајно. Маскарата не е нешто wow за дневен нежен изглед е ок. И кармините ми се допаѓаат сјајни се , не се трајни ама ако сакате одмор од мат кармините ги препорачувам. Штета што нема темни нијанси. Коректорот и пудрата во прав многу ми се допаднаа!