Си најдов сама замерка - трепките, дефинитивно треба повеќе слоеви маскара да ставам. поубаво би било,
Јас ќе те советувам ружот да го ставаш на јаболчниците, а не како бронзер. И подобро би било да одбереш некоја поприродна светла боја. А карминот многу ми се свиѓа.
Користев: - Make up Revolution Flawless Matte palette - Essence All about Roses palette - Golden Rose liquid eyeliner - Essence I love Extreme mascara
@Irreplaceablee многу убаво освежување на темава си, браво! Мислам дека треба да поработиш само на веѓите, доколку ги затемнуваш со нешто во прашкаста структура, не помага многу, знам по себе, зошто и јас неколку пати во животот сум ''страдала'' од процесот на пуштање веѓи. Колку макотрпна и фрустрирачка работа е знаат само тие кои поминале низ тоаНешто како Anastasia Beverly Hills Dipbrow pomade e лек за веѓи кои се уште не се во форма поради пуштање. E сега малку скапичко е ама со оглед на тоа што многу почнаа да произведуваат слични такви, може има некој dupe. @1209 Мене веќе срам ми е да ти кажувам колку си убава, да не бидам погрешно сфатена Шминката е едноставна, прецизна убава ама немаше да изгледа така како што изгледа, да не беа твоите перфектно правилни црти. Исто важи и за @Mama25 кога ја погледнав сликата ме потсети на оние што ги следам на инстаграм што се шминкаат. Препрекрасна си @blueeparadise ништо без соодветни четки. Четка за блендање е буква А во шминкањето. Ти ја препорачувам четката за блендање на импала по цена од 110 денари. И покрај сите професионални и скапи четки кои ги имам, нема шанси да не посегнам по оваа четка секогаш кога се шминкам. Преку година дена ја имам, ја мијам често и не сум забележала да паѓаат влакна, во одлична состојба е.Јас сум изненадена од квалитетот. Можеш и да си порачаш на али експрес четки за почеток. Лицето ми е лом овде од пмс и стискање од моја страна Секогаш во пмс многу се исфрлам, ама среќа брзо ми поминува Спојлер: Користени продукти
@LaraSolare те препознав. Мислам не се знаеме лично ама Куманово е мал град, сите излегуваме на едни исти места, кога живеев таму те имав видувано. Ми се допаѓа шминката и користените производи се топ, полесно е да се нашминкаш со квалитетни шминки, изгледа убаво навистина. За четката на импала ке се сложам со тебе, и јас ја користам и ми е незаменлива, иако имам четки од МАС добиени на подарок, јас почесто посегнувам по овие поефтините. Единствена забелешка ми е карминот, ама тоа е ствар на вкус. Јас не ги сакам ваквите бои а посебно не на јака шминка. Не знам некако неприродно ми изгледаат, модреникаво, што знам. Се останато перфектно. Само уште нешто да те прашам. Не гледам добро тоа на првата слика снопчиња трепки се или јас лошо гледам без леќите. Ако се, ме интересира каде ги купи и како самата ги ставаш, и цена нормално. Поздрав
Хаха епа мал град, мала држава тешко е да останеш анонимен Инаку карминот знам дека не е нешто што секој би носел, но јас многу сакам да експериментирам и ми здосадуваат понекогаш оние класични бои и nude lips на секоја можна појака шминка Инаку да снопчиња се, ама од овие на сликата не сум нешто многу задоволна, некако по крути ми изгледаат од оние на кои бев навикната претходно. Овие ги земав 80 или 100 денари на Бит пазар, ги лепам со чупалица и лепак за трепки. Ставам по 5-6 снопчиња на една страна, на од прилика исто растојание и каде што чувствувам дека има потреба од густина. Првин оставам лепакот да се подзасуши на нив, ги местам и оставам да се зацврстат па после ставам маскара. Еве видео да видиш од прилика како треба да се позиционира раката и окото, има така како да кажам финта како да ја држиш чупалицата. Еве споредба со овие и оние на ардел, пробав од блиску да сликам не знам дали може да се види дека овие на ардел се потенки, помеки и fluffy на врвовите и даваат поприроден изглед. Иако во дискотека не верувам дека некој го забележува тоа освен јас самата Лично не преферирам многу долги, вештачки ми изгледаат, јас ги земав најкратките и оние што ми изгледаа најтенки и најприродни што ги најдов,medium должина. Исто бидејки немам пократки кога лепам на средина и на внатрешниот агол од окото ги кратам со ножички од после зошто повеќе ми се допаѓа, не се забележува дека се вештачки така. Еве слика од двете како им изгледа пакувањето. Ардел не ми се купени од тука.
Светките се исто од Бит пазар, 30 денари, ама јас ги ставив во вакво кутиче, во мали кесички беа. Единствено место каде што најдов ситни светки беше кај тој човекот што има 2 тезги една до друга, и што продава многу алатки за нокти правење и плус шминки. Ако си од Ск или си била на Бит пазар мислам дека ќе ти текне за кого зборам Покрупните светки што ги имам дома не ми се лепат толку убаво, така да внимавај кога бираш
@Sw3et.Ang3l како си задоволна од flawless matte палетата, дали сенките се убави за работа или се суви? По која цена и од каде ја порача? Јас ја гледав на официјалната страна ама шипингот скоро колку палетата беше и се предомислив
Сенките се преубави лесно се блендаат и не се суви воопшто. Малку е помала палетата отколку што очекував но за таа цена се супер. Инаку ми ги донесоа од Англија а порачани се од страната на Superdrug цената им беше 8фунти. Таму шипингот е бесплатен а незнам може да провериш дали праќаат и за МК.
Јас ја купив пред едно 2 години сигурно, во една локална парфимерија во Куманово. Во Скопје ја немам приметено каде точно ја има, еве @LaraSolare нека пише, може таа од друго место ја земала. Јас мислам дека би требало да ја има низ продавниците на Голден Роуз во Скопје. инаку не чинеше повеќе од 150 денари.
Јас ја купив 110 денари од парфимеријата карши Полицијата на Бит пазар, значи таму има 2 парфимерии на првата пишува Мода, а на оваа втората Импала, од втората ја имам земено.Воопшто не се услужни и жал ми е да им праќам луѓе да им прават промет, колку да се знае Ако не си од Скопје види по локалните парфимерии каде што држат Импала. Еве како изгледа четката