На тезгите за козметика низ Бит пазар, сите четки за шминкање се по 100че. Јас толку ја купив пред речиси 3 години.
Не знам навистина, јас и самата експериментирав во недостаток на козметички глитер кај нас, а не ми се чекаше, сакав да видам како ќе изгледа
По последниве неколку страници на преубаво нашминкани цури дури срам ме фаќа што ја ставам За по имиња шетање,ништо посебно
Цело лице + очите ги шминкав 20мин, ама затоа веѓите пола саат сигурно. И што мислите? Подобри се вака?
Кој со кафеави, црни, земјени тонови и слично, јас овде избацувам (не ми текнува друг збор ) со портокалови нијанси. Експериментирав малку и не мава волку портокалаво (како портокал) како на сликите.
девојки, ова е мојата мејкап колекција, 90% од ова е купено во 2016. би ставила слика од како се шминкам, но малце ми е срам
@ina2403 сликата не е за тука. Овде ставаат слики од тоа како се шминкаат, а за козметичкото катче има посебна тема. Оваа е: http://forum.femina.mk/threads/Вашето-козметичко-катче-низ-лични-фотографии.5118/
Преубава си ми посебно на оваа слика. И карминчето совршено ти стои. А за лицето никој не е совршен и немаш потреба да се правдаш.
Ако сакаш да ги сликнеш светките ради бојата, ептен ми се свиѓаат. И кај е поточно тезгата? Од која страна влагаш? Лево десно или збутана е многу?
Бојата навистина е прекрасна, ретко се наоѓаат убави бои на ситни светки, само ваму најдов. Не е воопшто забутана ако влезеш точно од кај што продаваат веш, прслуци тија тезги карши зегин, странично од зегин гледано. Влегуваш во тој пролаз и одма тука продаваат тренерки карши него, има 2 тезги еден маж ги држи продава и лампи за нокти и гелови, лакови свашта за нокти на едната и шминки на другата тезга. Не сум добра во давање инструкции, кога ќе дојдам дома ќе ти пишам лп, ќе ја прашам мајка ми како најубаво да ти објаснам Ќе ти сликам исто кога ќе се вратам, на зимување сум сега Aко си нетрпелива, прашај таму околу некој сигурно ќе знае, Нуредин се вика изгледа човекот, ми има дадено визитка еднаш @buba4e89 Благодарам многу Јас чисто да си ја кажам маката Не дека се срамам или нешто сакам да кријам, затоа и не ги едитирам сликите