Многу ми се допаѓа шминката, прекрасни очи имаш Мислам дека поубави ќе ти бидат веѓите ако ги исчупаш само одозгора на почетокот на веѓата. Сепак, ова е мое мислење и не значи дека е точно, да не се навредиш
@Irreplaceablee ти ги сликав глитерите, сликата е во споилер Ме сфати каде е или да пробам да објаснам поинаку? @buba4e89 овој начин на шминкање на окото ти стои најдобро до сега! Не знам дали е до отсуството на туш или до тоа што обликот на веѓите ти е сменет, веројатно си ги пуштила, многу поубаво изгледаат сега. Можеш и повеќе да ги пополниш и дефинираш. Изборот на бои убаво ти ги истакнува очите и воопшто целото лице. Ако сакаш да пишеш кој е карминот, многу ми се допаѓа, ми изгледа како нјуд ама со ладен подтон, лично сум опседната со ладни нијанси Еве ме на дневно светло сликана, поубаво се познава шминката Спојлер: Користени продукти Палетата е Morphe 35O, плус имам користено флормар црна сенка. Глитерите од претходната слика
@LaraSolare на бубаче карминот мн ми личи на Голден бр.10 од течните мат. Ако ти се свиѓаат ладни нијанси пробај го на Малена бр.128
Му се мислам одамна на тој од ГР ама многу течни мат кармини ми стојат така дома зошто структурата не ми одговара, имам чувство дека ќе ми ги пресушува усните овој на гр ( природно имам суви усни,иако нон стоп сум со лабело) , а малена чинам и посуви се. Ако има некој искуство нека сподели , ти како си задоволна од течните на гр? Ти благодарам во секој случај
Мене искрено да ме прашаш не ми се допаѓаш. Имаш убави очи и можеш многу подобро да ги истакнеш. Волку дреч плаво не би одобрила. Извини за негативноста тоа е мое мислење. @LaraSolare не се допишав, на малена се посуви од течните на голден роуз. Јас ги користам со лабело на мелем и притоа немам проблем. Со течните на гр исто така со лабело во спротивно и 2та кармина ги сушат усните.
Ти благодарам. Моливче за веѓи на голден роус и малце од светлата боја на сетот за веѓи од орифлејм. Ме зачуди твојов коментар, не очекував воопшто.
Ти благодарам многу, веѓите ми се многу подраснати дека ги пуштав да замаскирам непосакувана дупка. Ќе бидат средени деновиве најкасно Фала ти, за вкусови не се дискутира Нема никаков проблем, јас по природа обожавам невообичаена шминка па и уште експериментирам со бои.