Да ги пробам новите сенки, купени по цена од дури 1 евро П.С. сега гледам дека малку ми забегала четкичката, ама го поправив. Спојлер немам ставено маскара
одамна ме немало на форумов и решив да ве освежам со нови слики.Некој се на мене а некој што сум шминкала други.
Јас сега пробував нешто. Почетник сум во шминкањево Спојлер инаку немам ставено сеуште маскара, моливче и ајлајнер. И се извинувам за квалитетот на сликава, не се гледа баш убаво како изгледа шминката
За свадбата,smokey eyes На денските слики изгледаше посветла шминката,иначе со мобилен ја сликав за да се види каква беше. (И да,знам дека ми свети челото таму ,ама иначе пудра имав,не светеше толку.)
Ова не се smokey eyes, но сепак убаво си нашминкана Според сликите незнам дали е квалитетот, но имаш мрсна т-зона, во ситуации кога можеш да се потиш или нешто можеш да си земеш камена пудра или во прав за да матираш
Mимс, ќе ти опростиме овој пат, поради преубавата форма на веѓите, сепак. П.С. Што маскара имаш ставено?
Имам ставено маскара од Клиник, сега ќе поставам и во темата за маскари, па ѕирни и таму пред и потоа ефект Инаку тука имам ставено повеќе слоја во текот на денот па затоа ми се така здебелени трепките.
За зоната баш имам и напишано во постот (дека повеќе се гледа поради блицот од мобилниот,но иначе немаше да се познава шминката),а за тоа дали не се smokey eyes незнам,таков беше концептот,така се почнати,а потоа додадов само сребрена сенка на средината. Фала иначе на комплиментот. mims-89 интересна комбинација на бои,убаво изгледа Ич да не се секираш зе веѓите,некогаш при сликање зафркнуваат работа,баш ќе си речиш оваа добра слика и после се нешто не е ко што сакаме.
E како не е смоуки ајс, и што е ако не е? Слично е на ова - http://www.youtube.com/watch?v=VD47yv2NfMw Само на Дивајн не е и е толку опашесто на краевите.