@koritsaki на последната слика ептен убаво ти се гледа обликот на устата и мислам дека нема потреба да ги доцртуваш толку. Пример горните црти ти се јасно дефинирани и доволно е само внатре да ги доцрташ со моливче и потоа кармин. Мене лично тоа исцртување надвор од линијата на усните е непотребно, барем кај девојки кои имаат полни усни.
Па и ме излајкале бе! Оти никој не ми кажа??? Како да се шеташ цел ден со зеленко меѓу два предни зуба, а имаш пример, два бизнис состанока. Леле, арно нешто друго не сум пишала.
А ја од прва си прочитав карминот Нали пошто сме две значки со Руже, едната со џораво око, другата со трето
Јас прочитав ама мислев намерно така си пишала, пишто пред некое време Сунчица се смееше дека ко глина и личел карминот, па си реков сега нов назив сте му дале КАМЕН!
Фала за советот , да ти кажам првпат вака ги цртам усните прво чудно некако ми беше , ама викам ај да сменам малку инаку немам полни усни ама не се ни тенки , златна средина
Марама дали си размислила некогаш шишки да направиш ? Мислам дека према цртите на лицето и висината на челото убаво би ти стоеле. Извинете што сум офф
Имам носено и класични шишки и на страна и не ми стојат затоа што имам ретка коса. Најчесто ја носам бушава да не се познава колку е ретка па шишки не ми се допаѓаат со тој фазон Знам дека имам големо чело ама со шишки изгледа поголемо
@marama, очите и контурите на лицето ептен ми се сфиѓаат, ама карминот... no. Според мене, поентата на шминката е да ја истакне женственоста и убавината. Со син кармин, мислам дека не се постигнува тој ефект. Е сега, мене и сина сенка ми е no-no, па можеш да замислиш што мислам за син кармин.