https://forum.femina.mk/threads/Копираме-и-бираме-најдобра-шминка.25246/page-6 Ајде женски ставете слика.
За работа, туш на Мејбилајн оној крем во кутивче. Пудра Хелти микс на Боржуа. Таракота руменило на голден роуз и карминче на голден роуз, крем нијанса некоја.
За на табло. Во живо потемно изгледаше.. Имам малце трепки на краевите не знам дали се гледа. Битно многу си се бендисав на слика
@1209 Нуми диар, ај вери мач лајк ју Црти, шминка, ма тајмлес Само за косата ќе кажам дека или пикси-кат или ептен долга и права, најсекси би ти стоеле со сексапилот што е веќе и фацијално претставен
@Summerlover фала Самерке, јас пиксито не можам да го преболам ама дечко ми мнигу има мерак на долга коса и за негов ќеф му ветив малку ќе ја чувам. Долга имав и таква ама јас не си ја свиѓам така.
Ај те молам види и кажи ми кое бројче и од која линија на ГР е карминот? Ве отеков со прашањата за кармините знам, ама многу ми се допаѓаат нијансите и посилно е од мене.
Во студио ФРАН Модел сум на девојки кои што се на курс и денес им е финалниот час. Ќе објавам слика од финалниот резултат, некој арт ќе бил а не обична шминка
Ахам... Искрено, не ми се допадна. Само три палети Kryolan видов, другото е се’ кинеско. И тоа, дупли им се, непотребно. За тие пари, можеле две-три поквалитетни палети да купат, ама немало да изгледа толку импресивно наредено. Колку пари земаат за шминка? Ако е над 400, за ваков квалитет на производи не би давала.
Сум зборувала и предходно на оваа тема, многу е побитна техниката на работа. Јас работам со промоции веќе две години, и секое шминкање ми е тука. Шминката трае цел ден, дури и едвај ја бришам на крајот од денот. Џабе ти е најквалитетна шминка на светот доколку незнаеш да ја искористиш и да ја употребуваш. Гарантирам за финалниот резултат дека трае и е квалитетен, без разлика на продуктите. Ако сакаш ќе постирам и слики од предходно да ме видиш
Мене друго ми падна во очи, несредените четки, измацкани со пудра и што ли не. Добро барем да видиме како работат познатите мејк ап артисти. Да има техниката голема улога, ама за цената која ја плаќаш не би требало да си дозволат таква непрофесионалност.