@mirandaa имам приметено дека од кога се скраси а и пред тоа повеќе не си иста личност и помалку посветуваш време на негативните критики т.е. не контрираш. Ма да ова треба да важи и за мене. Да се вратам на темата, мене искрено ми се допадна твојот изглед, нежно, едноставно класично. Е сега веѓите какви се такви се, не се сомневам дека ќе ги средиш. Уживај и за нас во Америка, ти се посакувам се најубаво. @Bree@ можеш да набавиш маскара кога ќе ги направи твоите трепките да изгледаат како вештачки и се разбира со убав волумен. Ми се допаѓа како ти си искомбинирала боите на сенката. @kim.k можеби сме имале несогласувања, но сепак си ми омилена да те гледам во катчево. @Irreplaceablee ти кажав дека сакам да ме нашминкаш некогаш, уште стојам зад тоа. После сите навреди кои ги добив од вас повеќе нема да постирам слики од мене ама затоа ќе уживам во вашите и од вас ќе учам плус уште нешто. Не заборавајте дека веѓите растат како и секое останато влакно од вашето тело, ќе се средат и тие. Пред се обожавам да ја гледам @Irreplaceablee и @koritsaki. И онака во последно време изгубив желба за сенки, па ставам само маскара и туш. Ве гушкам
Кога ги спомна маскарата и тушот, јас ставам само маскара и пудра, руж, хајлајтер, кармин и веѓи . 90% од ова што го гледате на сликиве го носам само по дома. Фала ти многуу.
@Ѕид на плачот и @krofnicka27 ви благодарам многу на убавите зборови девојки @ванилала бронзерот е од палетата за контурињање shade and light на Kat Von D. Конкретно првата од трите нијанси за контурирање. Извини што толку доцнам со одговорот, не бев многу активна на форумот. @Irreplaceablee морам да ти кажам дека сега многу си го усовршила цртањето на веѓите! Одлично ти изгледаат . И навистина многу се израдував кога видов што си ми пишала Затоа што секогаш со уживање ги гледам твоите постови, препрекрасна си! Исто важи и за @kim.k и @Rose96, па и колку убава кожа имате да позавиди човек @1209 иако сум љубител на full face makeup ти си стварно една од ретките девојќи на која совршено и стои минимална шминка. Исто и на @marta993. Aма кога некој ќе каже дека секоја девојка треба минимално да се шминка и така треба да изгледа ми е малку невкусно искрено. Зошто реално секој и нема таква убавина како вашата, а и многу луѓе ( вклучувајќи ме и мене ) уживаат во самиот процес на шминкање, а минималната шминка и не е секогаш толку возбудлива трансформација, од личен агол зборам, барем јас уживам да експериментирам и да се трансформирам. А и сечие лице е различно, на некој му стои и појака шминка, на друг понежна, некому и тоа и тоа На оваа слика се шминкав за дома, зошто бев болна со недели и не излезена од дома па ме фати носталгија можете и да забележите дека носот ми е црвен и очите насолзени ама пусти мерак
@LaraSolare Леле, леле преубава си, каков црвен нос, какви очи насолзени, ма ништо не ти се приметува. Кажувај кој ти е карминов, може и за сенките ама карминов уште веднаш ми падна во очи. Иако јас за себе лично сум секогаш за минимална или никаква шминка, зошто сметам дека не ми стои шминка/не знам да се шминкам, вака ептен ме фаќа мерак кога ќе видам убаво нашминкана девојка со full face make-up.
Благодарам многу Да дополнам само @blueeparadise еве јас ќе се нафатам со задоволство да те нашминкам ако изразиш желба Посебен предизвик ми се девојки што сметаат дека не им стои шминка Инаку карминот е од оние me now Kissproof број 17 од Алиекспрес, мешан со моливче на NYX Brooklyn thorn. Потполно ист ефект можеш да добиеш и со моливчето кое го има кај нас на Rimmel 047 Cappuccino. Карминот освен на Али Експерс можеш да го најдеш и во Скопје во парфимеријата на Импала карши полицијата на Бит пазар за 70-80 денари не знам точно колку беше одамна прашував ама тогаш ја немаше оваа нијанса па пак ја порачав. Цената им е тука некаде и таму и таму. Сенките се Morphe 35O Спојлер: СЛИКА @Kjara15 Благодарам и на тебе, веѓите ги цртам со Anastasia Beverly Hills Dip Brow Pomade, нијанса ash brown. Да не се повторувам, на кратко ќе кажам производов е најдоброто нешто што им се случило на моите веѓи За добар dupe го сметаат Freedom Makeup Pro Brow Pomade. Да не бидам погрешно сфатена, јас немам ништо против минимална шминка. Само имам чувство дека сеуште некои луѓе на шминкањето не гледаат како на уживање и уметност туку како нешто што се прави само за да се прикријат недостатоци. Нормално и тоа е точно донекаде ама не е само тоа во прашање. Еве пример јас сум најзадоволна и најисполнета кога се шминкам или шминкам некого, самиот процес ми претставува задоволство и уживање. Како и да е според мене, секоја шминка што одговара на цртите на лицето, погодена е со бои и е технички добро изведена е пример како нешто треба да изгледа без разлика дали е минимална или јака
Моментално од овде сметам дека е најдобрата опција, со оглед на тоа што ако направиш 18 евра бесплатен е шипингот. Стално порачувам од оваа страна, стигнува за недела дена http://www.beautybay.com/cosmetics/anastasiabeverlyhills/dipbrowpomade/
@LaraSolare Еднаш имам постирано слика во Модни критики од шминката за матура, и иако многу ми викаа дека убаво ми стоела, јас си мислев дека изгледам како плашило за бостан и уште го имам истото мислење. Иако сега сум кратко шишана, и лицето ми е доста сменето, ме шминкале другарки од тогаш за посебни прилики и тие се убедени дека ми стои сенка и туш, јас пак убедена во спротивното. А не дека не ми е интересно други да ме шминкаат, може ќе ти ја земам понудата во предвид.
Најминимална шминка ми е ова хаха имам само кармин, туш и маскара која поради прекрасниот квалитет на сликава не се ни забележува