Од првиот ред првата и втората сенка. Ова е палета на BG cosmetics 1st edition. И од палетата на Essence all about roses
@India Имаш и претходно постирано слики и знаеш да се шминкаш, но забележав на 2 слика горната усна ти е исцртана со линија која се двои од карминот на устата. Помислив да не е омбре, но сепак се забележува таа линија, не стои убаво. На 3 слика горната уста не е убаво исцртана, се губи формата на устата, како да има една заоблена линија, ги нема срцињата , не знам како да објаснам, па затоа ќе ставам слика. Се надевам дека нема да ме сфатиш лошо, сепак оваа тема ја сфаќам како место каде може да се даде пофалба, критика. Јас не сум совршена во нанесување шминка и сум правела грешки во нанесувањето кармин, ова го кажав најдобронамерно. @VivienLeigh Имаш преубаво око, форма, боја. И многу убаво се шминкаш. Ми се допаѓа како си го нанела тушот, комбинацијата на сенки, едноставно прекрасно. @marama Прекрасна, нежна шминка, која карминот допринесува да не биде досадна. Ми изгледа како да има светки, за кој кармин се работи, како метален кармин да е. Ја и моите описи, но на тоа помислив. @marta993 Убава, нежна шминка. Ми се допаѓа. @Quincy Добро нанесен туш и сенки и одлично оди во комбинација со карминот. @krofnicka27 Квалитетот на сликата е добар, како и твојата шминка. Добро нанесен туш, ми се допаѓа овој изглед. @LaraSolare Што да се каже. Преубаво се шминкаш, сенките, тушот, веѓите. Одлично. Никогш не сум коментирала, но кога веќе ја спомнав India (на која иако малку ја искритикував , од претходни слики сум забележала дека се шминка убаво) некако не можев да ги оставам другите, па дадов коментар за сите. Мене ми недостасува @koritsaki . Те очекувам во скоро време на темава.
Баш реков дека ќе ставам слика за вчера , ама во последно време се некако исто се шминкам и викам да не е монотоно и досадно баш утре ќе ставам , ветувам
На штандовите на Флормар, јас го земав во Рамстор ама имаат штанд и во Веро Џамбо. Цената е нешто под 300 денари.
@koritsaki веѓите топ! Пример за примени и применети конструктивни критики си, секоја чест, одлично изгледаш!
@koritsaki покрај веќите јас ќе те пофалам и за преубаво нанесениот туш Секоја чест како достоинствено ја прифаќаш критиката и со тек на време се подобра и подобра си. Браво уште еднаш
за прв пат cut crease -Ајлајнерот не е нешто најдобар [/QUOTE] Аии преубаво ако можеш да кажеш кои продуктиги користше?