Јас малку ќе ви се убацам во темава, ама @koritsaki & @1209 прекрасни! Шминката баш е по мој вкус, и посакувам да бев способна и јас вака да се нашминкам Шала на страна, умерена шминка, а сепак впечатливо и убаво п.с. @1209 воопшто не ја замислував вака
Фала девојки, јас најчесто вака и се шминкам, не сакам да си прекривам карактеристични црти со многу шминка, дури избегнувам пудра оти поприродно ми делува. @sweet-cherry Како ме замислуваше?
@koritsaki најубава до сега, прекрасно ти е исцртана устата со моливчето и тушот ти е добро нанесен. Секој ден ставај си и ќе ја усовршиш техниката, а веќе ти сум кажала дека си ми преслатка.
@koritsaki според тебе, карминот вака подобро ти стои (како на последната слика) или како на некоја претходна за која ти упатив критика? Мене вака ми изгледаш прекрасно. @1209 имаш совршени црти. Една од ретките на која им стои минимална шминка, а притоа ти ги истакнува цртите во најдобро светло. П.С. Каков кармин користиш? Ти се размачкува ли после неколку часа? Јас имам неколку црвени кармини, различни марки, ама сите ми се растекуваат. Кога ставам црвен кармин, сакам да е сјаен, ама сјајните ми прават проблеми.
@Mishela и @Rebecca_R фала на убавите комплименти. Јас црвен користам најчесто имам од борди, до розеви и корални нијанси. Сјајни не сакам баш, повеќето ми се мат. Овој конкретно е од Авон coral fever, мат, црно пакување. Со растекување неам проблем дури јадам и пијам пиво од шише вака нацрвена, имам проблем да го тргнам устата ми е црвена и ден потоа.
@Irreplaceablee убавице знаеме дека си уметник, дај постирај некое сличе од окцето што го шминкаш најубаво на цел свет
@pupi.girl i @senza.parole ви благодарам многу за убавите зборови @Rebecca_R да ти кажам незнам кога ќе ги нацртам усниве повеќе од што треба , некогаш изгледам смешна сама на себе незнам зашто а многу зависи и од нијансата на кармин што ќе ја нанесам тогаш имав чувство како да имам силикони кога ќе се видев на огледало
@1209 Нуми, you sexy beast! Rrrrrr @kim.k Ова си ми вистинската ти, невино и слатко, а толку damn секси! Алтер егото ти е гламурозната шминка, but either ways, прекрасна си! @koritsaki Од кога ставаше виолетова маскара и ги промашуваше тоновите драстично, сега можеш да им држиш туторијали на девојките! Преубава си и не можеш да замислиш колку сум среќна кога видам слика од тебе, бидејќи веќе си експерт за истакнување на истата Чирс девојки!
Епа јас ќе ти кажам: затоа што имаш полни усни и немаш потреба. Доволно е одвнатре да ги исцрташ со моливче и да ставиш кармин. Мене не ми игра улога нијансата, секој кармин го нанесувам само внатре.