Некако опавчето (wing) не знам како да го наречам воопшто не ми се допаѓа. Не знам ама не прави ништо добро за окото, подобро би било без него или малку поинаку нацртано, малку подебело при крајот.
Ќе се фарбам за некој ден и тогаш ќе ја сликам најубаво Инаку тука сум сликана завртена накај прозорец на кој имам закачено неонка и плус во собата имам лустер со 5 сијалици, ама работата е што ѕидовите ми се жолти па може затоа изгледа така Сакав да прашам како си задоволна од гелот на веѓи на She, дали го користиш за веѓите? Немам користено до сега гел за веѓи а се мислам да купам, за на крај откако ќе ги исрцтам да се поминам за да ми стојат на место.
Па ваљда ради ѕидот позади ми дојде во глава дека е жолто светлото. Како и да е, чекам слика. Тоа на ши го потрошив пред некое време, не е лошо ако ставиш малку, но ако се стави во малце поголеми количини изгледа ептен грдо. Го купив тоа на есенс светло кафеавото и катастрофа е. Ниту пушта некоја боја, ниту ги држи веѓите на место. Кога ќе се исуши го снемува, како да не сум ставила уопште. Така да од тие 2подобро е на ши.
Многу убави девојки на форумов Само мала забелешка до @lovely97 за тушот..Би бил перфектен да го здебелиш малку на крајот, имаш многу простор меѓу окото и тушот.. И јас го имам пробано ова со бело моливче на средината на устата, преубав ефект дава и ми се допаѓа како ти си го направила тоа Еве ме и мене.. Морам и самата себеси да си дадам мала критика.. Чудна си сум во устата некако, грдо сум се наместила.. Се надевам дека мојов хајлајтер не ви е too much
Не коментирам по фоткиве..ама кај и што да работиш..сигурно придобиваш муштерии или клиенти со ваквата убавина..бравос за шминкава..преубаво ти стои..
Ајде доста препукување, се што е премногу не е убаво за око, ама кој како сака така ќе си се шминка, добронамерен совет секогаш е добредојден. Еве една моја шминка за работа, бидејќи носам цвикера стално барам начин како да ми се познава шминката, па повеќе туш ми е добра опција до сега. Што шминка користам имам постирано пред неколку поста истото е. Пудра, кармин и туш.