Јас незнам што се карате што е smokey eye. Искусните шминкери би знаеле дека smokey eye е всушност мешавина на повеќе нијанси со црно. Комбинирајте црно со бело,но првин нанесете бела светкава сенка, па мат црно. Ким Кардашијан носи smokey eye комбинација помеѓу црно и кафено. Се изначитав повеќе мислења и се карате околу тоа дали е или не е smokey eye. Земете прогуглајте малце. Јас се имам шминкано сама баш како на сликата скроз иста сенка. Белата сенка е од color trend avon Црната сенка е мат од oriflame Немам своја слика..
http://zaslike.com/files/aodt23vpsm40olsm882.jpg http://zaslike.com/files/fycwjxof7jhy9lsxlrvs.jpg http://zaslike.com/files/eblwzywjyvgysq6byq4.jpg http://zaslike.com/files/eugsoieo6rxpudll0h2.jpg Не се шминкам мн, најчесто користам пудра, сенка, креон и маскара.
Јас немам искуство со само-себе-сликање, па се изнамачив за да направам некоја добра фотка од шминката. Апаратов го цркнав и ова е најдоброто што можев да го извадам Спојлер Ај малку ќе ја појаснам шминката - на внатрешниот агол на капакот ставив бело моливче со светки, го размачкав убаво, па продолжив со златна сенка. Потоа ставив потемна нијанса златна, а на крајот темно кафена (сите сенки се светкави). Убаво "избледирав" со четка, па ставив туш и маскара. Со потенка четка ставив малку златна сенка под окото, а на надворешниот дел од долниот капак ставив црно моливче, ама до половина (не ставив на она waterline внатре во окото, туку на надворешниот дел). Почнувајќи горе од веѓата, па надолу до лакот на сенката, имам ставено коректор, што е посветол од пудрата. А на внатрешниот агол на крајот од веѓата ставив малку бело, дискретно моливче. Се надевам убаво објаснив На сликава имам фацка-што-се-чуди, ама невозможно е во друга позиција да се фати поубаво сенката