Ти благодарам , инаку не сум користела ништо за раст на веѓите , тука ги имам цртано со гел за веѓи а не се така густи како што изгледаат
Најискрено собирав храброст сликава да ја ставам малце ми беше шубе да ми се гледа цело лице .. Нов член сум денес го направив профилот, ако имате некое прашање што сум користела или замерка ако нешо не е добро пишете ми прифаќам секаква критика и добра и лоша
Не користам програми имам мобилен Coolpad Porto и на самата камера имаш да наместиш како ефекти некои и да си избереш да ти го исполира лицето, не знам дали и на други телефони има такви ефекти Инаку карминот е Golden Rose од тие матот бројче 09 а моливче на Малена број 213
Јас ќе се извинам што ќе го напишам ова, шминката е убава ама вештачко делуваш. Прво веѓите ги исцртуваш над твоите изгледаат многу дебели, сметам дека ако ги надополниш само и не ги прецртуваш одозгора би добила природен излед. Второ усните, зошто ги исцртувате над вашите линии, ако сакате поголеми усни ефектот ќе го постигнете со малку коректор од страните. Се гледа дека си талентирана, прашање на вкус е извини. Остало немам замерка убав експеримент си направила со очите, и најважното имаш преубава боја на очи( ако се твои, а не фотошопирани.)
^^ Многу убаво. Само да знаеш, повеќе поени се добива кај нас форумџиките ако се постираат слики без ефекти ( кога станува збор за шминка, конкретно во темава )
За веѓите си имам проблем бидејќи природно ми се портокалови и користам само сиви моливчиња или сенки за да не ми изгледаат црвени ако ставам кафеаво. Фала ти и за замерките и за убавите работи уште експериментирам и пробувам па со тек на време се надевам подобра ќе станам Иначе да такви ми се очите чудни зелено плави и секогаш во слики како рефлексија некоја се прави и можеби изгледаат фотошопирани Хаха добро добро се ќе си научам полека, без ефекти од Инстаграм и камера следен пат ветувам