Знам дека е на Голден Роус го видов во што последно си купивте, бројчето кое е? Прекрасен е и прекрасно ти стои
@Trxmx И коса, и туш, и кармин, и бронзер или што и да е, и сенки и сВе е ептен јако Само веѓата не ми се свиѓа, многу широкииии
Фала ти за комплиментите За веѓи мислам дека се е до вкус повеќе, некој сака потенки некој подебели, мене вака ми се допаѓаат ама секако го почитувам и твоето мислење
Ниту ставам слики во темава, ниту коментирам. Понекогаш ве читам т.е гледам. Преубава си, преубаво се шминкаш, НО навистина веѓите ти се предебели, ту мач извини вака неповикана што коментирам, ама навистина посебно почетокот, како трака некоја залепена, лакот е одличен, но делот долу е вишок и мора малку баланс. Мое мислење
Пудра користам на Гош, ќе ја сликнам после незнам дали има име некое. Камена на Catherine Arley - Silky Touch А веѓите со моливче на She, ради реда го имав купено ама многу се погоди, веќе второ користам
Мене не ми се допаѓа црното на трета слика. Вака од далеку не се приметува грешката,ама на третата се забележува. Многу "несредено" ти е црното или лошо сенчано, дури и линијата кај веѓите скоро да ти ја потфаќа,ниту крајот не е среден. Верувам не си се забележала. Едит: Многу си убава и црвено убаво ти стои.
Дада се сликав и кога ги прегледав сликите приметив во живо не се гледаше. Поправив ама не се пресликав па овие слики ги ставив.
Женска колку само те отвара црвениот кармин. И само маскара да имаш ставено, црвен кармин, ќе бидиш топ. Преубава си, шминката супер.