Thank youu. Измешав едно 5-6 течни мат кармини за да ја добијам нијансава. Ни сама не знам што ставив.
Со предна и задна камера. На втората незнам со устата или карминот што се случува, изгледа ко испукана Ај уште една странично(се редактирав)
Преубава си,убаво се шминкаш ама сепак овде мислам дека имаш претерано со хајлајтерот. Никако не смее толку да дојде до израз,ти кажува козметичарка
@Irreplaceablee на мене па многу ми се допаѓаш, јас сакам таков хајлајтер да се гледа од вселената.Сеа на толку пофалби редно е да споделиш каков хајлајтер користиш и ние да светиме како тебе. Инаку вака по цртите на лицето и стилот на шминкање многу ме потсеќаш на една мејкап артистка Jamie Genevieve, не знам дали ја знаеш има канал на јутуб за туторијали за шминкање. Еве ја:
@buba4e89 Фала ти! Користам Дипбрау помада на Анастасија Беверли Хилс, нијанса Медиум Браун. На бјутибеј е околу 17 евра. Скапо е ама многу се исплати, го користам скоро 2 години, а не сум ни до пола.
Сум кажала и пак ќе кажам, прашање на вкус, + нема правила. Јас да можам ќе се бањам со хајлајтер, го обожавам ефектот и прејако ми изгледа. Окej е тоа што можда не ви се свиѓа, ама нема да мe предомислите. Еве го (makeuprevolution) @Salome ја знам, прејако се шминка. Никад не би ми текнало дека ќе ви заличам на нејзе. Фала ви многу. Спојлер Истата шминка, друго светло.
Преубава Ако сакаш да ми кажеш кој хајлатер и бронзер го користиш? Бидејки многу добро е нанесено и бојата на бронзерот е прејака не е портокалова
Фала ти! И хајлајтерот и бронзерот ми се онлајн порачани од една страна за шминки xtras. Бронзерот е совршенство и јас сакам така на кафеаво да е баш. Веќе ми е при крај. А хајлајтерот е сенка хаха ама го користам ко хајлајтер оти е посуптилно. Иначе не се скапи ич да се порачаат, бесплатна е доставата и за две недели стигнуваат.
Зошто никогаш не можам вистински да ги доловам сенките. Имам три и се прелеваат тука изгледа како две да се Ете и со предна