ДарлингБ ваљда се твои сликите чим повеќе пати пиша. Мнооогу убаво шминкаш, ептен! Само шо ти зачитав неколку мислења и на профил ти стои 22, а во друга тема си пишала 19 имам, поправи си ор самтинг. И на друго место околу секс нешто, еднаш година и пол сум активна, еднаш 4 месеца.. Колку души ти го користат профилов
Минатиот пат ви ставив слики како ме нашминка сестра ми оти јас сама незнам многу, денес се потрудив сама да се нашминкам, и еве како излезе.
^Баш е убаво! Имаш бело лице и совршено ти одговара оваа комбинација. Плус, ме потсеќаш на dita von teese
Фалаа <3 Еее ја колку комбинации поминав додека да си ја најдам оваа што ми одговара.. и најлесна ми е за шминкање, а со сенка врска немам.. кога ќе се замачкам како вештерка сум хихи
Секојдневната шминка за која сметам дека спаѓа во лична хигиена ми е составена од пудра, маскара, руменило и сјајче. За посебни прилики обично ме шминкаат бидејки сакам јака шминка а самата никако не се погодувам, не ми се пушта раката Си треба вежбање а мојот воз за седење пред огледало поминал
Оу мај гад!Па што правам ја низ форумов?!Муви бркам! Секоја интересна тема ја гледам после месец дена. Мене никогаш не ми текнало да си ја сликнам шминката,ама во прва наредна прилики ќе ви ја преставам,ветувам. Најмногу впечаток ми оставија Трендафилка,Ливинг,Лин и девојчето кое кажа дека полупрофесионално се бави со шминкање (јас се извинувам,не го запамтив никот ). Oдлични сте женски .
Само овие две успеав да ги најдам во компјутер. Ретко експериментирам со сенки од проста причина што баш и не ме бива. На првата сум така малце повеќе шминкана. На втората само моливче и маскара имам.
Не е некоја шминка кој знае каква,ама очите најчесто ми се вака,со туш.Повеќе се шминкам,кога одам на свадби или ептен некоја прилика.